Регион
Дедо скршен од тага за внуката: „Облече фустан и замина. Наместо таа да ме закопа мене, јас ќе ја погребам
Голем број граѓани на Србија се собраа денеска да им оддадат почит на трагично повредените ученици оставајќи цвеќе и палејќи свеќи.
Дедото на убиеното девојче во ходникот на училиштето, каде што тоа беше во улога на дежурен ученик, дошол да им оддаде почит на трагично загинатите деца и на Драган Влаховиќ, човекот што ги пречекувал и ги испраќал од училиштето.
Скршен од тага, тој се држел за училишната ограда и погледнал во зградата во која била убиена неговата миленичка.
„Сè уште мислам дека не е вистина, ќе ми кажат дека мојата Ана дошла дома“, вели неутешниот дедо опишувајќи колку болна е ситуацијата во која се нашол.
„Наместо внуката да го закопа деда си, јас, несреќниот, треба да ја погребам… мојата убава Ана, одбојкарката на дедо. Не знам како ќе живееме сите. И внукот, постариот брат на Ана, отиде во ова училиште. „Внуката на дедо се спреми, облече фустан утрово, среќа моја, и отиде да се фотографира“, раскажува потресениот дедо за Republika.rs додека ги прелистува фотографиите од својата сакана внука на телефонот.
Таа ми испрати видео од Солун. Синоќа дојдоа од пат, таму го поминаа празникот. Мајката вели зошто не останале уште еден ден за да ја избегнат трагедијата… Еве, гледате како драгото дете на дедо скока во базенот“, рекол дедото во солзи.
Ученичка во второ одделение го нацрта својот омилен училиштен чувар Драган, кој веќе како и обично нема да им посакува добро утро и со насмевка да ги гали по косата. Таа дојде со своите родители да им оддаде почит на жртвите од ОУ „Владислав Рибникар“.
Таткото на девојчето сакал да го залепи цртежот на вратата од училиштето, но полицајците не му дозволиле поради подетаљна истрага, пишува медиумот.
На собирот дојдоа многу деца, кои го посетуваат ова училиште, како и роднините на повредените деца, а насобраните носеа транспарент со порака до сите: „Родители, разговарајте со децата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Инцидент во хрватскиот парламент: пратеничка ја удри струја
За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја.
Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката.
„Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата.
Орешковиќ одговорила дека сè е во ред, а се чини дека струјниот удар се случил кога се обидела да го вклучи полначот, пренесува Дневник.хр.
Регион
Oдиме на избори, рече Радев откако и третата партија го врати мандатот за состав на влада
„Алијансата за права и слободи“ (АПС) го прифати третиот мандат, но потоа го врати, што значи дека Бугарија оди на нови предвремени избори.
„Не случајно избрав да ви го врачам третиот мандат на вашата пратеничка група. АПС беше подложена на сериозен притисок“, изјави претседателот Румен Радев на почетокот од средбата.
Според шефот на државата, токму АПС најдобро ги разбирала пороците на актуелниот модел на владеење.
Хајри Садаков, претседател на пратеничката група на АПС, му се заблагодари на претседателот за довербата да им го врачи третиот мандат.
„Ние изодевме еден многу сложен пат“, нагласи Садаков, додавајќи дека АПС го слушнала гласот на луѓето од плоштадите. Тој истакна дека токму АПС први го кренале гласот против појавата што се наѕирала.
„Одиме на избори“, констатира Радев, откако и третиот мандат се покажа како неуспешен.

