Европа
Повеќето Австријци се против членство на Австрија во НАТО

Кога денес би се одржал референдум во Австрија за членство на земјата во НАТО, шест од десет Австријци би се спротивставиле, а двајца од десет би биле за членство, покажува неодамнешното истражување на Австриското друштво за европска политика (ÖGfE).
Сè поочигледно станува дека мнозинство Австријци се за поинтензивна безбедносна политика на ЕУ, но го отфрлаат пристапувањето во НАТО. Во однос на членството во ЕУ, пак, 68 отсто од испитаниците се изјасниле позитивно.
Истражувањето на ОГФЕ било спроведено кај 1.000 испитаници од 11 до 13 април.
„Скептицизмот и неизвесноста се зголемуваат, но фундаменталната поддршка за членство во ЕУ е несомнена во Австрија, особено во време на криза. Народот исто така вели „да“ за посилна европска соработка во безбедноста и одбраната, но членството во НАТО решително се одбива“, истакна генералниот секретар на ОГФЕ, Пол Шмит.
Во изминатите три години ставот по прашањето за членство во НАТО во Австрија остана повеќе или помалку конзистентен, без оглед на рускиот напад врз Украина.
Според истото истражување, двајца од тројца испитаници се залагаат за интензивирање на соработката меѓу земјите членки на ЕУ по прашањата на безбедносната и одбранбената политика, 20 % се против идејата, а 13 % не изразиле мислење за ова прашање.
Околу половина од испитаниците сметаат дека е „многу важно“ или „прилично важно“ ЕУ и нејзините земји членки да продолжат да ја поддржуваат Украина во борбата против рускиот напад.
„Во секој случај, членството во ЕУ не се гледа како нарушување на неутралноста, а фундаментално се заговара посилна, понезависна Европа во светот“, вели Шмит.
Претходно во февруари, во Австрија повторно се разгоре дебата за неутралноста на земјата откако деведесет експерти и јавни личности во отворено писмо повикаа на пренасочување на австриската безбедносна политика критикувајќи дека нацијата останува надвор од воените конфликти една година по руската инвазија на Украина.
Во писмото сегашниот австриски став за безбедноста и нејзините уставни одредби се нарекуваат застарени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин