Македонија
Шест кандидати во трка за ректор на УКИМ
Шест кандидати во трката за ректор на УКИМ. Според пријавите, кандидати за нов ректор се Билјана Ангелова од Економскиот институт; Горан Ајдински од Филозофскиот факултет; негов колега кој доаѓа од истиот факултет, Ратко Дуев; Атанас Кочов од Машинскиот факултет; Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ), од каде што доаѓа и нејзиниот колега Димитар Ташковски.
Универзитетската изборна комисија на состанок ги разгледа и ги прифати сите шест пријави на кандидатите за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои стигнале пред завршувањето на крајниот рок.
Гласањето за нов ректор на најстариот универзитет во земјата „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е закажано за 30 мај, од 14 до 16 часот, на сите 23 факултети и 5 институти.
Проректорката Спасевска неодамна истакна дека во оваа ректорска трка влегува со уверување дека во соработка со професорите, асистентите и студентите може да се направат вистински промени на УКИМ како најстара и најреномирана образовна институција во земјата.
Постапката за пријавување кандидати за ректор на УКИМ почна на 3 април.
Од 15 до 26 мај во кампусите на УКИМ ќе има претставување на кандидатите за ректор. На 17 мај ќе се утврди единствениот избирачки список. Право на глас имаат околу 1.500 гласачи, избрани во звање доцент, редовен и вонреден професор. Евентуалното прегласување е закажано за 9 јуни.
Новиот ректор на скопскиот универзитет треба да го наследи актуелниот Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор ја извршуваше во два мандата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

