Контакт

Македонија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за април 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 мај 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:

4.5.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

5.5.2023 – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Македонија

Силен земјотрес во Македонија!

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот се случил во 14 часот и 7 минути, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.

„Како некој да ми го затресе каучот“, „Кратко, но моќно“, „Тоа траеше кратко, но се чувствуваше“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Објавено пред

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово работат на нејзино поставување.

dobivaj vesti na viber

Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно одстранетата ограда на Владата. Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција“, напиша на Фејсбук, Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

На објавата се нижат десетици позитивни коментари од граѓаните.

„Тој што потпишал да се извади и да рѓосува по настрешници некаде,сега ова поставување треба да биде на негова сметка тој да си ги сноси трошоците“, „Ова веќе си личи, доста беше таа грозна слика само со столбови“, „Браво, само напред“, се дел од коментарите на граѓаните.

Оградата чини 700 илјади евра и беше поставена во 2015 година. Извадена беше во 2019-та, како едно од предизборните ветувања на Зоран Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Жива срамота е СДС да говори за клановски пресметки, бидејќи тие се творците

Објавено пред

На прес-конференцијата на СДСМ, реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Грдото лице на власта на СДС и ДУИ значеше и бруталната пресметка на клановите Дуќанџик и Арачиново. Оваа клановска борба својот врв го достигна во време на Оливер Спасовски, кога лица тесно поврзани со мафијашките структури беа дел од неговиот кабинет, а полициски службеници заедно со криминалците учествуваа во директните пресметки, како што беше таа во хотелот Александар Палас. Владеењето на СДС и ДУИ беше симболот на беззаконието и јакнењето на подземјето.

Разузданите банди и мафијашките пресметки низ Скопје и други места се директно дело на поранешната власт, затоа што истите ги користеа за избори, а после им се оддолжуваа со тоа што им ги отвораа улиците за трговија со дрога. Жива срамота е СДС да се дрзне да говори за вакви пресметки, бидејќи тие се творците на клановите и клановските пресметки по угостителски локали, трговски центри и по улици. СДС нека се покрие од срам, затоа што ги охрабруваа членовите на подземјето да дивеат, им даваа заштита и поддршка, а не изостануваа и фотографии на мафијаши со функционери од власта на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски е министер за внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Силен земјотрес во Македонија!

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил во 14 часот...

Македонија1 час

(Фото) Томовски: Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува, ја добива својата функција

Пет дена по владината седница на која беше одлучено да се врати оградата околу Владата, екипи уште од рано утрово...

Македонија3 часа

Премиерот и министрите со набиена агенда: почнува официјалната посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот...

Македонија4 часа

(Видео) Лефков: Филипче спроведе скандалозен тендер за стерилизација во 2019 година со контроверзна албанска компанија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција ја нарече СДСМ „киднапирана“ и повика да се прочитаат медиумите во...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес конференција обвини дека Македонија се претворила во Див Запад откако Панче Тошковски...

Свет6 часа

(Фото) Париз во шок: татко си ги фрлил децата од петти кат, па се самоубил

Mаж ги фрлил своите две деца низ прозорецот на стан лоциран на петти кат од зграда во Париз, пред да...

Регион6 часа

Земјотрес ја погоди Хрватска: „Како да пукна бомба!“

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, јавува ЕМСЦ. Eyewitnesses reported shaking in #Croatia...

Свет6 часа

(Видео) Хорор во Австралија: три деца загинаа во пожар, таткото намерно ја спречувал полицијата да влезе во куќата

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар што рано утринава избувна во куќа во близина на Сиднеј,...

Свет6 часа

(Видео) Отворени гласачките места за вториот круг од парламентарните избори во Франција

По убедливата победа на Марин Ле Пен во првиот круг минатата недела, каде секој трет гласач го поддржа Националниот митинг...

Свет7 часа

(Видео) Ветришта од 250 километри на час, бранови високи 10 метри: сателитска снимка од катастрофалниот ураган кој пустоши по Карибите

Ураганот беше ураган од 4-та категорија со ветрови од 230 км/ч и уриваше и уништуваше се што му се наоѓаше...

Свет7 часа

(Видео) Украински партизани уништија важна железничка линија на Русија

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна...

Економија20 часа

(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов

Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани...

Македонија21 час

(Видео) Македонска делегација предводена од Мицкоски патува за Вашингтон, на НАТО самитот можна е средба и со Мицотакис

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и...

Македонија23 часа

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Антикорупциската комисија попладнево информира дека будно ги следи директорските смени што во изминатите две недели ги прави новата власт. „Државната...

Економија24 часа

(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги....

Македонија1 ден

Почнува силен топлотен бран, Македонија следната недела ќе се „вари“ на плус 40

Се враќа многу топлото време во Македонија. Според последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи, највисоката измеренa температурa во 14...

Македонија1 ден

Македонија има свои симболи и сите треба да ги почитуваме, рече министерката за образование Јаневска

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за...

Свет1 ден

Словачкиот премиер: Да ми дозволи здравјето, со задоволство би му се придружил на Орбан во Москва

Словачкиот премиер Роберт Фицо вчера за првпат се појави во јавноста откако беше тешко повреден во обид за атентат. Тој...

Регион1 ден

Истражување: 30 отсто од Бугарите сакаат нивната земја да го напушти НАТО

Неодамнешното истражување на јавното мислење во Бугарија покажа дека 30 отсто од испитаниците гласале за напуштање на НАТО алијансата. Истражувањето,...

Свет1 ден

(Видео) Речиси 5.800 луѓе се евакуирани поради пукањето на брана на езеро во Кина

Во централната кинеска провинција Хунан поради пукањето на браната на езерото Донгтинг и опасноста од поплави се евакуирани околу 5.800...