Македонија
Пенов на средба со Институтот за локална самоуправа на Косово: За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива

Земјите од регионот имаме иста стратешка цел, членство во Европската Унија, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, за време на состанок со делегација од Институтот за локална самоуправа на Косово.
„За земјите од регионот заеднички именител е европската перспектива и на тој пат најважно е да покажеме, прво, внатрешна стабилност и стабилност на регионот. Соработката меѓу земјите, меѓу институциите и меѓу граѓаните е првиот и најважен чекор преку кој ја манифестираме нашата зрелост како регион“, додаде тој.
Пенов ја поздрави одлуката на Европскиот парламент за либерализација на визниот режим за косовските граѓани.
„Северна Македонија го почна процесот на отворање на преговарачката рамка. Скринингот од страна на Брисел е во тек. Се надеваме на целосно отворање на преговорите, што е услов за политичка, економска и социјална стабилност и за развој на државата“, додаде Пенов.
Според него, локалната самоуправа секогаш е важна и актуелна тема зашто е еден од суштинските столбови во градењето на политичкиот систем на државата. Поставеноста на локалната самоуправа има директно влијание на демократизацијата на општеството, на меѓуетничките односи, како и на балансираниот социо-економски развој на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.