Регион
Докторот кој прв влегол во училницата по масакрот: „Сум видел секакви убиства, но вакво нешто – не“

Полицајците и членовите на Брзата помош кои вчера беа на лице место по убиствата во училиштето во Белград велат дека никогаш не доживеале нешто толку шокантно.
Докторот Александар Стијачиќ од Заводот за итна медицинска помош прв влегол во училиштето, во училницата каде се случувало се’.
„Kога влеговме внатре, тоа беше нешто што никогаш порано не сум го видел, а знаете, работам 30 години и сум видел секакви убиства, несреќи, но ова е нешто што остава запечатно, не само на мене туку на сите што доjдоа“, вели д-р Стијачиќ, пишува „Б92“.
Д-р Ивана Стефановиќ од Институтот за итна и медицинска помош наведува дека факултетот не подготвува за ситуации како онаа која лекарската екипа ја затекнала на местото на пукањето.
„Сите тимови останаа до крајот кога требаше, а потоа кога се вративме некои се скршија, бидејќи навистина е стрес за кој не се подготвуваш ниту на факултет“, додава Стефановиќ.
Докторот Александар Стијачиќ од Заводот за итна медицинска помош наведува дека пријателка му пришла во Итната помош и го прашала дали го видел нејзиното дете во училиштето. Како што вели, меѓу жртвите било и нејзиното дете, но немал сила да и каже.
„Ми пријде една другарка, чие дете беше внатре, го знам и детето и неа. Знаев дека детето е мртво, не смеев да и кажам, реков – оди во училишниот двор и види што се случува“, објаснува Стијачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.