Контакт

Регион

Два дена по масакрот во Белград, полицијата добила 25 пријави од училиштата

Објавено пред

Два дена по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, каде што загинаа чуварот и осум ученици, полицијата од училиштата добила 25 пријави.

dobivaj vesti na viber

Во извештаите на српските медиуми се наведува дека некои ученици го имитираат Коста Кецмановиќ, кој уби девет лица, а рани седум.

Децата симулираат пукање, убиство, прават списоци со имињата на децата што наводно ќе ги убијат.

Осум деца и еден чувар беа убиени во средата наутро во вооружен напад на тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Шест ученици и една наставничка беа повредени, а напаѓачот уапсен.

Регион

Вучиќ: На 5.800 метри забележавме албански дронови, ги извидувале позициите на српската војска

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се обрати пред медиумите во касарната Бањица 2 во Белград по завршувањето на седницата на проширениот колегиум на началникот на Генералштабот.

dobivaj vesti na viber

Тој предупреди дека „буквално од сите правци“ се засилени воздушните извидувачки операции кон Србија.

Но, тој изјави дека границата не е помината. Кажа дека на 5 и 20 јуни биле забележани албански беспилотни летала „Бајрактар“ ​​како полетуваат од Ѓаковица, град во западно Косово.

Тој, како што пренесуваат медиумите во регионот, додал дека Бајрактарите достигнале височина од околу 5.800 метри „со намера да ги извидат позициите на српската војска“.

Коментирајќи ги заклучоците од седницата, тој рече дека се „модернизира и зголемува опремата и оружјето“, пренесува „Нова.рс“.

Тој призна дека не е задоволен од пополнувањето на единиците на српската армија „на северот на Србија, особено во Белград и Војводина“.

„Имаме многу предизвици. Во регионот се собрани големи сили, од значајни сили во земјите од регионот до огромен број членки на НАТО за кои сме убедени дека нема да бидат искористени против српскиот народ или Србија на кој било начин“, кажа тој. Заклучи дека Србија мора да биде „многу појасна“ во својата порака за одвраќање на секој потенцијален агресор.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес ја погоди Грција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на Крит, на 63 километри од Ираклион, на длабочина од 14 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Земјотресот е регистриран во 9:34 часот по локално време.

Прикажи повеќе...

Регион

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Објавено пред

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.

dobivaj vesti na viber

Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.

„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.

Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Русија тврди дека уништила украински МиГ-29 на аеродромот Долгинцево

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион2 часа

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака...

Свет2 часа

(Видео) Ураганот Берил уништува се пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следен е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет2 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин...

Регион2 часа

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија2 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија16 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија22 часа

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија22 часа

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ22 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија22 часа

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија23 часа

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија23 часа

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија24 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија1 ден

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет1 ден

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет1 ден

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет1 ден

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија1 ден

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...