Контакт

Регион

Имал уште 34 куршуми; Што го попречило момчето убиец од Белград да ги убие сите, анализираат српските медиуми

Објавено пред

Коста Кецмановиќ (13) во 8.41 часот во средата наутро изврши маскар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

dobivaj vesti na viber

Тој имал уште два полни шаржера, секој по 17 куршуми, во калибар од 9 милиметри. Во раката му бил пиштолот „збромовка“, пишуваат српските медиуми.

Иако веќе убил девет лица – осум ученици и еден чувар на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, тој сè уште не го реализирал својот план да ги убие сите, пренесуваат во своите написи.

Иако имаше уште муниција, одеднаш престанува да пука. Го напушта кабинетот по историја, каде што ладнокрвно одзема пет животи, како да му припаѓаат, и излегува во училишниот двор. Таму го празни пиштолот и се јавува на полицијата во 8.42 часот, пишуваат медиумите.

Анализираат зошто Коста Кецмановиќ наеднаш застанал? Која сила, како што пишуваат, го спречила да го продолжи крвавиот масакр откако испукал 57 куршуми.

Осум деца и еден чувар беа убиени во средата наутро во вооружен напад на тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и една наставничка беа повредени, а напаѓачот уапсен.

Регион

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Објавено пред

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака поради невремето кое се очекува во текот на денот.

dobivaj vesti na viber

Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува Катимерини.

„Избегнувајте преминување на порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони, бидејќи молњата може да помине низ жиците. Избегнувајте допирање на водоводни цевки (кујна, бања), бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.

Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.

Прикажи повеќе...

Регион

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Објавено пред

Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати од силните ветрови на два други острови.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 32 пожарникари со помош на 13 противпожарни возила, едно летало и два хеликоптери се обидуваат да го изгаснат пламенот што го проголтува шумското земјиште на два фронта на островот во северното Егејско Море на 306 километри северно од Атина, соопшти противпожарната бригада.

Шумските пожари станаа почести и деструктивни во Грција во последните години поради климатските промени, а грчката служба за цивилна заштита предупреди на понестабилно време во среда и четврток, наведувајќи дека се очекуваат невреме со голема фреквенција на грмежи и град.

Прикажи повеќе...

Регион

На Фејсбук е објавено лажно видео од премиерот Вучевиќ, реагираат надлежните органи

Објавено пред

На социјалната мрежа Фејсбук се појави лажен видео клип, или непостоечка изјава на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, соопштија од Кабинетот на премиерот.

dobivaj vesti na viber

Како што беше најавено, вештачката интелигенција креирала непостоечка изјава на премиерот Милош Вучевиќ на сметката „Corvus01“ во која е злоупотребена неговата слика, додека со генериран глас се објавуваат податоци за непостоечки владини проекти.

Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници на техничката управа на СБПВТК, контактирале со компанијата Мета за да ги отстранат споменатите објави и да дадат информации за администраторот на сметката.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС порака...

Свет9 минути

(Видео) Ураганот Берил уништува се пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следен е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд, оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет24 минути

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин...

Регион26 минути

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија31 минута

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија15 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија20 часа

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија20 часа

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ20 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија21 час

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија21 час

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија21 час

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...

Македонија22 часа

Паднати дрвја, оштетени возила, повредено лице – невремето ги зафати Скопје, Струмица, Битола, Гевлегија, Валандово

ЦУК: 2.381 повици на 112 во последното деноноќие, повеќето за штети и опасности настанати од невремето во Скопско, Струмичко, Битолско,...

Македонија23 часа

Се враќаат оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Според СДСМ, само по неколку владини одклуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа...

Свет23 часа

Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени војници се ставени во состојба...

Свет23 часа

Се урна зграда, загинаа најмалку 14 лица во Египет

Најмалку 14 лица загинаа, а шест се повредени при уривање трикатна зграда во јужниот дел на Египет. Инцидентот се случил...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. На...

Свет24 часа

Бајден за дебатата: Не го слушав мојот персонал, за малку ќе заспиев на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси на минатонеделната дебата на Си-ен-ен. Тој им рече на...

Македонија1 ден

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не не плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат...

Македонија2 дена

Димовски, Пандов, Клековски, Миланов и Трајанов нови директори на пет државни институции

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука...