Регион
Нови мерки во Србија по вчерашниот масакр: „Да го предадете нелегалното оружје за еден месец, инаку ќе има страшни последици“

Србија носи низа мерки по двата масакра. Претседателот Александар Вучиќ најави дека во секое училиште ќе има полицаец, а затоа се примаат нови 1.000 лица. Притоа, посочи дека ќе се менува законот за оружје со цел да се заострат критериумите. Во следните две години нема да се издава ниедна дозвола за оружје.
„Досега нашите полициски службеници имаа обврска пред почетокот на наставата и по крајот, да проверат што се случува во училиштата. Се примаат нови 1.200 полицајци, кои ќе бидат во училиштата. Ќе пуштиме над 1.000 полицајци за да поминуваат време во училиштата за, покрај обезбедувањето, да има и по еден полицаец во училиштата. Со тоа не само што ќе ја подигнеме сигурноста, туку ќе го намалиме врсничкото насилство, што е голема работа. Оние што ги тепаат послабите од себе, секогаш се плашат од појаките, а државата е најсилна. Не постојат мајка и баба што спиеја во изминатите 48 часа“, рече Вучиќ.
Ќе има еден месец за сите што имаат нелегално оружје да го предадат, во спротивно – ќе има последици, а оружјето ќе биде најдено.
„Владата ќе наложи да се измени законот за оружје. Ќе има ревизија за сите што имаат оружје. Ќе направиме потполно разоружување на Србија. Инаку, казните ќе бидат преголеми. Па ќе видиме како ќе го набавите оружјето, како она вчера, со кое направивте масакр“, рече Вучиќ.
До осум години затвор ќе има за сите што нелегално ќе набават оружје.
„Тој што носи оружје, а нема дозвола, да биде казнет до 15 години, а до 12 години како што беше досега“, додава Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Конечна судска одлука: Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска.
Како резултат на тоа, според сараевските медиуми, Додик официјално повеќе не е на таа позиција, а ЦИК е должна да распише предвремени избори за претседател на ентитетот.
Да потсетиме дека ЦИК претходно донесе одлука за прекин на неговиот мандат, но таа можеше да стапи на сила дури откако ќе стане конечна, или потврдена од Апелациониот совет на Судот на БиХ. Денешната одлука конечно утврди дека Додик повеќе не е претседател на Република Српска.
Во образложението на пресудата, Судот наведе дека мандатот на избраниот функционер завршува на денот на правосилност на пресудата со која е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци, што во случајот на Додик беше 12 јуни 2025 година, кога беше донесена второстепената пресуда. Судот ги отфрли и тврдењата за ретроактивна примена на законот, нагласувајќи дека пресудата станува правосилна на денот на нејзиното донесување, додека нејзината извршност е поврзана со доставување до странките, што не ги менува правните последици за мандатот.
Фото: ЕПА
Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин