Економија
(Видео) Талевски: Заштеда на 150 милиони евра и побрза градба на коридорите
ВМРО-ДПМНЕ две недели води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 д и против реномираната американска компанија „Бехтел“, истакна на денешната прес-конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ.
Законите, вели тој, кои се во интерес за побрза изградба на овој стратешки проект од национален интерес, го блокираа во Собранието заедно со Левицата.
Оценува дека наместо побрзо и поевтино, оваа блокада на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени 2 години.
„Иако ВМРО-ДПМНЕ бараше договорот да биде претставен во Собранието, не кажаа кога и на која комисија би се разгледувал цела недела. Се покажа дека единствена нивна цел е да го блокираат стратешкиот проект, да шират невистини и да водат хајка против овој национален проект од големо значење. СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да направи хаос од изградбата на коридорите. Нема да дозволиме да ги чинат граѓаните поскапо за 150 милиони евра и со години да се градат. Нема да дозволиме да се повтори хаосот како на автопатот Кичево – Охрид, кој го направи ВМРО-ДПМНЕ“, додава тој.
Пратениците на СДСМ, како што појасни, ги поддржуваат предложените измени на пет закони поврзани со изградбата на делниците од коридорите со европско знаменце.
Целта, рече тој, е делниците од коридорите да се изградат и побрзо и поевтино за 150 милиони евра.
Сите предложени законски измени според Талевски се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба.
„Со изградбата на коридорите македонската економија добива пристап до две нови пристаништа, она во Драч и она во Бургас и наместо кружен ток, конечно, станува вистинска крстосница. Покрај унапредување на инфраструктурата, изградбата на овие коридори носи и економски придобивки со отворање 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно. Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат поразени“, дециден е Талевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлагаме ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари
„На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата“ вели ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.
Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.
Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Просечната плата во април изнесува 41.085 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по работен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).
Економија
Нова цена на горивата од полноќ
РКЕ донесе нова одлука за цената на горивата од полноќ.
Цената на бензините и дизелот остануваат исти, а „мазутот“ поскапува 1,2 денар.
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 81,00 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 83,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 45,680 (денари/килограм)