Македонија
Трудовиот инспекторат: „Лимак“ има вина за смртта на 34-годишниот работник, се преведуваат од турски изјавите на очевидците
„Лимак“, најверојатно, ќе одговара оти не ги обезбедил потребните мерки за заштита на работа, но за тоа ќе се чека конечниот извештај од вонредниот надзор на Државниот инспекторат за труд. Директорката на Инспекторатот, Весна Томовска, вели дека на комплетирање на извештајот сè уште се работи оти е неопходен превод од турски.
„За делот на случувањата и за пријавата за несреќа при работа со смртна последица на градилиштето на ‘Лимак’ извршен е инспекциски надзор од страна на овластен државен инспектор и веќе во моментот имаме забрана за вршење градежни активности на самото градилиште. Со оглед на пообемната документација, а и поради фактот дека некои од очевидците на настанот се турски државјани, во тек е постапка за преведување на изјавите на очевидците и по завршување на комплетниот инспекциски надзор од страна на Инспекторатот, повторно до медиумите ќе биде лиферувано известување. Утврдена е одговорност, меѓутоа целосно, за да не давам паушални наводи, откога ќе се заврши целокупниот инспекциски надзор, ќе излеземе со точно утврдена фактичка состојба и ќе има известување. Од она што го видов во предметот, ќе има одговорност, најверојатно од страна на работодавецот не се обезбедени потребните мерки за заштита на работа“, рече директорката Томовска.
34-годишен работник со турско државјанство загина на градилиштето на „Лимак“ во вторникот по пад од десетина метри висина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.