Регион
„Тоа што се случи во Србија не е ништо, ќе биде касапница“: заканувачко писмо пристигна до Универзитетот во Црна Гора
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/у.jpg)
На електронската адреса на Универзитетот во Црна Гора денеска околу 15 часот и 30 минути пристигнала заканувачка порака. Според информациите на порталот РТЦГ, откако пристигнала пораката, евакуирани се просториите на Електротехничкиот факултет.
„Тоа што се случи во Србија не е ништо што го подготвив за Електротехничкиот факултет. Ќе видите денеска дека сите ме осудувавте и малтретиравте, особено професорите кои мислеа дека се „некој и нешто“. Ќе има невидена касапница на Универзитетот, само почекајте“, пишува во е-поштата што пристигна на адресата на UCG.
Од полициската управа соопштија дека случајот е пријавен и дека преземаат мерки и дејствија за утврдување на сите околности.
Србија е во шок. Три дена по ред имаат напади. Прво момче уби 9 лица во училиште во Белград, а вчера ученичка со нож избоде наставничка и ученик. Урош Б. направи масакр, при што 8 луѓе загинаа, а десетина се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/10934717.jpg)
Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, откако била активирана експлозивна направа во близина на локалниот спортски центар, соопшти црногорската полиција.
Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.
Според црногорскиот медиуми, еден од убиените неодамна излегол од затвор.
Како што пишуваат медиумите, двајца повредени се припадници на организираната криминална група шкаљарски клан.
Третото повредено лице е постара жителка на Цетиње, која во моментот на експлозијата минувала по таа улица. Таа била транспортирана во Клиничкиот центар во Подгорица.
Регион
БиХ: Поради високите температури, работата на отворено е прекината од 12 до 17 часот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/б-2.jpg)
Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавците дека поради високата температура на воздухот, да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.
„Доколку работата на работодавецот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците што работат на отворено да почнат со работа од 6 часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Срна“.
Во соопштението се посочува дека работодавците треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, приспособена на високата температура, како и користење годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.
Регион
Голем пожар во Атика во Грција, зафати куќи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bfg.jpg)
Во пожарот што избувна денеска на истокот на Атика во градот Коропи, во Грција, изгореа неколку куќи, а пожарот го гаснат десетици пожарникари со помош на два авиона и четири хеликоптери.
Пожарот првин избувнал на паркингот за чамци во градот Коропи, а потоа се проширил, пренесува „Катимерини“.
Според Противпожарната служба, се работи за сериозен пожар додека противпожарната единица прави напори за негово локализирање.