Македонија
Родителите на Јана: Ако докторката, сопруга на судија, сака да се испере од злоделото, нека го стори тоа јавно
Обдукцијата е готова, но што стои во неа ние не знаеме, се жалат родителите на петгодишната Јана Христовска која почина пред повеќе од еден месец откога прими инфузија со гликоза во болницата во Битола. Тие вечерва испратија реакција до „Макфакс“ во која велат дека се оставени без одговори од институциите, но најавуваат дека нема да се откажат од барањето правда.
„Обдукцијата е готова…. испратена во судска медицина, после неколку дена судска медицина се уште не го добила наодот од обдукцијата на Јана. Поминаа цели 2 месеци, а вие уште не вртите.. За 7 дена за 10 дена, најкасно за 2 недели обдукцијата ќе биди готова…ни мачкате очи за да го прикриете нејзиното злодело.Ако дотичната докторка, инаку сопруга на судија од основен суд Битола… ќе ги користи контактите на сопругот за да го испери злоделото која е крива за целата ситуација нема вина нека се изјасни јавно како што ние јавно излеговме и кажавме се до детал. Сега, кога веќе обдукцијата е готова, ние уште ништо не знаеме. Работата е очигледна, зошто толку се одолговлекува? Но ние нема да се откажиме!! Што и да пишува на наодот од обдукцијата одговорност ќе се сноси по било која цена!! За најголемата загуба што ни е нанесена нас како родители, за претрпениот стрес и вечната болка која ќе ја носиме со нас цел живот.!! Но ние нема тука да застаниме, тоа е едно, и сигурно ќе одиме до Крај!! Излегувате со изјаснување дека ќе работите најсовесно и најбрзо заради голем интерес на јавноста, но кој ќе ви поверува?? Ни ја зедовте ќерката од раце!! Се додека дишиме нема да се откажиме!!!“, велат роителите за „Мафакс“.
Битолското обвинителство извести дека ги добило наодите од обдукцијата, но за конечена одлука ќе чека да се изјасни Институтот за судска медицина каде ја испратиле целопкупната документација за случајот на Јана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

