Македонија
Дебарца и Кичево се тотално запоставени од страна на централната власт
„Денес сме овде во Дебарца, тука сме во Требеништа и Горенци, па во Мешеишта и Волино. Оттаму ќе ги посетиме и населените места Белчишта, Ботун и Злести и за крај ќе завршиме со посета на Лешани и Велмеј“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.
Тој посочи дека комплетно е изгубена надежта на граѓаните за подобро утро.
„Она што може да се забележи од овие посети од населението е тоа дека комплетно е изгубена надежта за подобро утро и довербата во државата затоа што сите ние што живееме во Република Македонија се соочуваме со истите проблеми на нефункционирање на системот и комплетно разрушен систем“, истакна Аџиоски.
Аџиоски рече дека излез од оваа апатија е секако да се организираат избори и избори на кои ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи.
„Живееме во заробена држава во која нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема доверба во правосудството бидејќи секој ден ги гледаме скандалите кои излегуваат на површина, нема доверба во полицијата наместо таа да ги гони криминалците таа ги заштитува“, кажа Аџиоски.
Исто така средба со граѓаните имаше и генералниот секретар и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски во регионот на Рабетинска река.
„Денес ја продолживме теренската посета во регионот на Рабетинска река тука сме во Орланци. Со жителите од овој регион исто така ќе продолжиме и за Белица и Козица. Меѓутоа од разговорите со жителите и од она што можевме да го видиме и ако има голем број на ентузијасти, луѓе кои што сакаат да останат да живеат тука, имаат повратници од странство кои што се тука, условите за живот се сѐ потешки. Ние може да констатираме дека тука во овој регион се живее како во 19-ти век. Локалната самоуправа на Кичево не сака да изведе ниту еден проект за овој регион“, нагласи Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник при средба со граѓаните од теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ наречена „Ова е Македонија за сите“.
Сајкоски додаде дека во регионот каде што имаше средби со граѓани укажа дека нема улици, нема улично осветлување, нема ниту вода за жал иако кон градоначалникот од месната заедница од целиот регион на Рабетинска река се има поднесено безброј барања за реконструкција на пат, за изградба на подобра водоводна мрежа, за подобрување на условите за живот сепак нема одговор од градоначалникот на Кичево.
„Жално е што ние што денес во 21 век имаме полни усни со Европа и зборуваме за Европа меѓутоа тука не се донесени тие вредности туку се работи на уништување и на она што досега го изградиле овие вредни жители од овој регион“, појасни Сајкоски.
Тој нагласи дека дојде време кога треба да се крене гласот и ќе се крене за многу брзо, ќе се смени се и ќе се изградат нови вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

