Забава
Животната приказна на најомразената љубовница на светот, која сега стана кралица
Многу аналитичари веруваат дека врската меѓу кралот Чарлс и кралицата Камила е „идеалната љубовна приказна“ уште од првата средба на парот. Таа е љубовта на неговиот живот, како и негова советничка, доверлива со децении, а сега и британска кралица. Откако парот се венчаше во 2005 година, Камила „работeше“ како член на кралското семејство, поддржувајќи го својот сопруг и поддржувајќи добротворни организации кои им помагаат на жените и децата. Сепак, на некои во Британија им е тешко да заборават на долготрајната вонбрачна врска на двојката, која влијаеше да пропадне бракот на Чарлс со миленичката на јавноста – принцезата Дијана.
Љубовен триаголник
Камила Шанд е родена во јули 1947 година, пораснала во англиското село, каде се родила нејзината страст за коњите.
Се школувала во Јужен Кенсингтон и во Швајцарија. Во 1970 година, Камила го запознала тогашниот принц од Велс – Чарлс, на поло натпревар во Виндзор. Не долго после тоа, тие станале пријатели.
Следната година, Чарлс се приклучил на Кралската морнарица и, додека тој бил отсутен, Камила се омажила за офицерот Ендрју Паркер Боулс со кој имала две деца, Том и Лола.
Чарлс се ожени со Лејди Дијана Спенсер во 1981 година, а свадбената церемонија ја следеа милиони ширум светот. Но, во 1994 година, Чарлс призна дека имал афера со Камила.
Следната година Дијана пред медиумите го потврди неверството на нејзиниот сопруг – „Бевме тројца во овој брак, па беше малку гужва“.
Таа додаде дека Чарлс и Камила „отсекогаш биле заљубени“.
Двојката Боулс се разведе во 1995 година, а Чарлс и Дијана следната година. Јавноста имаше повеќе симпатии за Дијана отколку за Камила, а тоа чувство само дополнително се засили по смртта на Дијана во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
Таблоидите ја „мразеле“ Камила, пишува Гардијан, а јавното мислење било толку против неа што има информации дека граѓаните фрлале пецива по неа на паркинг.
Меѓутоа, во 1999 година, Кларенс Хаус започна програма за повторно претставување на Камила на јавноста – таа прво се појави со Чарлс надвор од хотелот Риц во Лондон, а набргу потоа се пресели во Кларенс Хаус.
Идната кралица
Шест години подоцна, нивната повеќедецениска љубовна приказна кулминираше со свадба во Виндзор. Камила, која ја доби титулата војвотка од Корнвол, беше потврдена како официјална сопруга на Чарлс и идна кралица на Обединетото Кралство.
Војвотката стана членка на кралското семејство, поддржувајќи го Чарлс на официјалните ангажмани во Обединетото кралство и на прекуокеанските турнеи, и покрај, како што велат медиумите, ставот кој го имала од летање.
„Секогаш е убаво да имаш некој на твоја страна. Таа е огромна поддршка. Големата работа е што многу се смееме, бидејќи таа ја гледа смешната страна на животот, фала му на Бога за тоа“, изјави Чарлс во 2015 година.
Неколку дена пред крунисувањето, синот на Камила, Том Паркер Боулс, проговори за односот помеѓу неговата мајка и неговиот „очув“.
„Не ми е гајле што некој ќе каже. Таа се омажи за личноста што ја сакаше и еве што се случи“, изјави Паркер Боулс.
Камила, исто така, ја дефинираше својата кралска улога, залагајќи се за описменување на децата и поддршка на жртвите на семејно насилство.
За време на посетата на засолниште за жени во Бристол во 2017 година, таа рече дека може да ја искористи својата позиција за да ги истакне маките на „храбрите жени“ кои претрпеле насилство од нивните партнери, а исто така работела на подигање на свеста за остеопорозата, болест која влијаеше и на нејзината мајка и баба.
„Мислам дека направи прекрасни работи за целото прашање на насилството врз жените. Многу сум горд на неа“, изјави еднаш Чарлс.
Професионална баба
Еден од асистентите на Камила изјави за Си-Ен-Ен во 2013 година дека Камила има најголема страст за нејзините внуци – „Таа е професионална баба“, рече тој.
Нејзиниот внук, Бен Елиот, изјави за Vanity Fair во 2022 година дека Камила „го обожава својот сопруг, децата и внуците“ и дека е многу пријателски настроена.
Конечна пресуда
„Најголемата поддршка“ дојде во февруари 2022 година, кога кралицата Елизабета Втора даде благослов за војвотката од Корнвол да биде признаена како кралица кога ќе дојде време.
„Кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека на неговата сопруга Камила ќе ја дадете истата поддршка што ми ја дадовте мене. Моја искрена желба е, кога ќе дојде време, Камила да биде препознаена како Консорт на кралицата додека ја продолжува својата лојална служба“, рече кралицата по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на британскиот трон.
Со тој потег, аналитичарите рекоа дека Елизабета јавно дала до знаење дека Камила не треба да се гледа како „кралска љубовница“ туку како централна фигура во самото срце на кралското семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Прогласен е за најприфатлив божиќен пазар во Европа, кригла пиво чини 2,5 евра
Доколку барате прифатлив божиќен пазар, Прага би можела да биде добра опција. Позната по своите дрвени тезги, големи божиќни елки и мирисот на трделник, чешката престолнина привлекува голем број туристи секоја година, а сега е официјално прогласена за најприфатлива европска дестинација за зимски одмор, пишува Daily Mail.

Саемите се одликуваат со ароми на греано вино (сварак), медовина и традиционални чешки деликатеси, додека посетителите се забавуваат со жива музика, театарски претстави и хорови. Во центарот на саемот доминира голема елка донесена од чешките шуми, со познатиот Астрономски часовник во позадина.
Според истражувањето на порталот „Сикрет Лондон“, Прага е убедливо најпристапната дестинација. Просечната цена за ноќевање во хотел со три ѕвездички е околу 84 евра, додека кригла пиво чини околу 2,50 евра во просек.
Бугарскиот град Банско се најде на второто место и покрај уште пониската цена за кригла пиво од само 1,05 евра.
Една од големите предности на прашкиот панаѓур е тоа што трае до 6 јануари.

Во Чешка, божиќните традиции се фокусираат на Бадник. Подароците не ги носи Дедо Мраз, туку Малиот Исус (Ježíšek) и се отвораат по празнична вечера која традиционално се состои од крап и салата од компири. Многумина постат во текот на денот со надеж дека ќе видат „златно прасе“, што се смета за знак на среќа. Обичаите вклучуваат украсување на елката на Бадник, пеење божиќни песни, фрлање лушпи од ореви во водата за гатање и излегување на полноќ.

Новогодишната ноќ во Прага е обележана со огномет на 31 декември и 1 јануари. Најдобрите погледи се од плоштадот Стар Град, Карловиот мост и бреговите на реката Влтава.
фото/депозитфотос
Забава
„Д фестивал“ и официјално избран меѓу топ-10 најдобри фестивали во Европа
„Д фестивал“, водечкиот летен фестивал во Македонија, е официјално избран меѓу топ-10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија.
„По завршувањето на јавниот избор во кој за номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа, нашиот фестивал влезе во потесната листа на 20 најдобри, а потоа, по гласовите на меѓународно жири, составено од водечки експерти од музичката индустрија,’Д фестивал’ се пласира и во финалниот shortlist на најдобрите 10 фестивали во својата категорија – историски успех и огромно признание за македонската независна фестивалска сцена“.
Според европските стандарди за музички фестивали, „Д фестивал“ е во најтесниот избор во категоријата „Најдобар мал европски фестивал“, односно со капацитет 10.000 посетители дневно, а во финалето е заедно со фестивали од Швајцарија, Данска, Италија, Холандија, Романија, Бугарија и Србија.
„Д фестивал“ влегува во финалето со најдобрите во 2025 како единствен настан од Македонија, а во децениската историјата на фестивалските „оскари“ тој е втор македонски фестивал што успеал да се искачи до листата на 10 најдобри по „Таксират“, кој се запиша во оваа селекција со своите изданија во 2016 и 2022 година.
Пласманот, како што велат од организацијата, меѓу најдобрите фестивали во Европа претставува силна меѓународна валидација за долгогодишната посветеност на фестивалот – за уникатниот програмски концепт, продукција, уметничката програма, доживувањето за посетителите и развојот и брендирањето на нови локациски идентитети.
Победниците во секоја категорија ќе бидат објавени на официјалната церемонија на Европските фестивалски награди, што ќе се одржи на 14 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.
„’Д фестивал’, основан во 2011 година, е препознатлив како единствениот open-air фестивал во Македонија, кој се одржува секоја година со тридневна мултидимензионална програма. Фестивал што секоја година гради уникатна фестивалска заедница, посветена на слободниот креативен дух, инклузивноста и одржливите практики.
Годинава, сепак, останува забележана и како една од најтешките во историјата на фестивалот. Неколку месеци пред одржувањето на настанот трагедијата што ни се случи во Кочани остави длабока траума и трага врз целата музичка сцена и заедницата. По трагедијата во Кочани, ‘Д фестивал’ се посвети на хуманитарната мисија откажувајќи се целосно од приходот од влезниците и го донира во соработка со иницијативата Support Кочани. На хуманитарниот ‘Д фестивал’ оваа година во Штип настапија: Д систерс оф мерси, Соулфлај, Инер Сркл, Томи Кеш, Кирил Џајковски, Буч Кесиди, Мизар, Архангел, Фолтин, Прљаво казалиште, Љубојна, С.А.Р.С., Драган Мијалковски, Дина Јашари, Паркети, Пијан Славеј, Доуп Куќата и уште десетици други музички артисти од Македонија.
Следното издание на ‘Д фестивал’ веќе е закажано за 26-28 јуни во Штип, а објавен е и првиот хедлајнер – IDLES – британските панк-рок ѕвезди и моментно еден од најважните live-бендови во светот. Во зенитот на својата кариера пристигнуваат првпат кај нас! Во продажба се и првите влезници „Ран Корморан“, достапни на веб-страницата и на благајните на Мк тикетс“.
Забава
(Фото) Мадона измамува воздишки во секси облека
Пејачката Мадона долго време е тема на јавноста поради нејзиниот љубовен живот. Странските медиуми неодамна објавија дека поп-дивата треба да се омажи за својот 38 години помлад партнер, Акем Морис, а извори блиски до неа тврдат дека таа е вљубена во него до уши.
„Морис ја прави среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“, велат изворите.
Сега таа објави серија жешки фотографии на „Инстаграм“ покажувајќи дека годините за неа се само бројка и дека на 68 години изгледа како вистинска дива.
Носеше розов фустан од корсет, кој ги нагласува нејзината вита фигура и градите, а на својот изглед додаде и крзнено палто, исто така во розова боја.
View this post on Instagram
Изгледот го надополни со брановидна фризура и впечатлива шминка, а ова издание многу потсетува на нејзината ера Blond Ambition од 1990 година.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи, поп-дивата ужива во љубовта со својот 38 години помлад партнер, а за него носи комбинации што привлекуваат погледи и измамуваат воздишки.
фото: Depositphotos

