Забава
Фотографиите покажуваат како британската јавност реагира на големиот ден на кралот Чарлс
На вистински британски начин.
Светските медиуми и социјални мрежи беа преплавени со фотографии на британската јавност на денот на крунисувањето на Чарлс Трети, меѓу кои доминираа тие со лошите временски услови кои не ги спречија луѓето да излезат надвор за да го следат настанот на големите екрани поставени низ Лондон.
Лошото време не може да ги изненади Британците.
Типично британски. Малку кој беше изненаден од дождот, илјадници се појавија во кабаници за да се постројат на улиците на Лондон.
Оние кои не ги понесоа своите кабаници, се стискаа околу параваните поставени на плоштадите низ британската метропола под водоотпорни настрешници.
Илјадници седеа во Хајд Парк каде што на огромни екрани го следеа крунисувањето.
Оние кои кампуваа, го направија тоа со стил. Шаторите беа обложени со завеси, па дури и украси за големиот ден.
Други, во близина на плоштадот Трафалгар, ги поставија своите чадори, создавајќи водоотпорен покрив над посетителите.
Пикник во парк
Ќебиња и излети: вистински британски начин за гледање на спектаклот, како што направија овие посетители во Хајд Парк.
Позитивно чувство насекаде.
Секаде беше весело долж патеката на поворката со насмевки насекаде. Ова младо момче мораше да стави полициска капа во замена на таа што му ја позајми на полицаецот. Одлична можност за фотографирање за младиот кралски фан.
За целото семејство – денот беше посебен и за семејствата, заедниците, децата и домашните миленици. Крунисувањето ги зближи луѓето, особено оние кои го гледаа преносот во живо во катедралата Труро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Поранешниот свршеник на Лејди Гага се ожени со 15 години помлада манекенка
Актерот Тејлор Кини (42), ѕвезда на серијата „Чикаго во пламен“, се ожени со 15 години помладата манекенка Ешли Кругер по две години врска.
Тие имаа мала, приватна церемонија во Чикаго, каде што Кини неодамна го заврши снимањето на 12-тата сезона од серијата на Ен-би-си, пишува „Пипл“.
Кини и Кругер се заедно од 2022 година, а Кини ја сподели својата прва фотографија од Ешли на „Инстаграм“ во март истата година. Тие официјално се појавија во јавноста во април 2022 година на добротворен настан. Иако двојката јавно не зборуваше за својата врска, тие објавија еден за друг на социјалните мрежи. Кругер се појави и во серијата „Чикаго во пламен“ во 2022 година во 11-тата сезона.
Ова е прв брак на актерот, иако претходно беше свршен со пејачката Лејди Гага. Тие ја раскинаа свршувачката во јули 2016 година.
Кругер на Универзитетот во Ајова дипломирала новинарство во 2017 година. По тоа, таа работеше во продажба и маркетинг. Кругер моментно работи со скратено работно време како менаџер за развој на бизнис за Eagle Six Properties. Што се однесува до манекенството, таа има договор со агенцијата BMG Models.
Забава
Крунисана нова мис на САД откога претходната победничка се откажа од победата
Првата второпласирана мис на САД за 2023 година, Савана Ганкиевич од Хаваи, стана новата победничка на натпреварот повеќе од една недела откога претходната мис поднесе оставка поради менталното здравје.
Ганкиевич, која води непрофитна организација, ќе ја држи титулата до следниот натпревар во август.
„Подготвена сум да имам позитивно влијание со оваа организација што ја сакам“, рече Ганкиевич за време на церемонијата на крунисувањето на Хаваите.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.