Македонија
Ценовска-Серафимовска: Концептот „Парите назад кај граѓаните“ СДСМ го реализира веќе шеста година
Започна исплатата на средствата од МојДДВ што од ова тромесечје е со зголемен лимит на 2.100 денари по корисник. Овие денови на сметките на корисниците на апликацијата МојДДВ ќе завршат околу 10 милиони евра, пари што државата директно ги исплаќа кон граѓаните, рече на денешната прес конференција Мелиса Ценовска-Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ.
МојДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните, што СДСМ го реализира веќе шеста година, додаде таа.
-Како дел од таквиот концепт е постојаниот раст на минималната плата која денес изнесува 20.175 денари, рекордниот раст на пезниите кои во март оваа година се зголемија за 8,4 отсто, додека гарантираната минимална помош ја зголемивме за 300 отсто во споредба со 2017 година. Истовремено, обезбедивме и повеќе пари за студентски оброк, зголемени се и воведени се нови стипендии за студентите и учениците, а го зголемивем опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Субвенциите за земјоделците исто така се зголемени и се исплаќаат и пред време за да дојдат кај земјоделците тогаш кога им се најпотребни. Нема категорија на граѓани, за која СДСМ не покажала вистинска грижа преку конкретни и остварливи мерки и политики, рече Ценовска-Серафимовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

