Спорт
Алкараз се намачи, но го крена трофејот во Мадрид

Светскиот рекет број 2 и шпански фаворит, Карлос Алкараз освои уште еден турнир во европската сезона на земја, победувајќи го германскиот аутсајдер Јан-Ленард Штруф во тешки три сета со 6:4/3:6/6:3 во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид на преполната „Каха магика“.
Алкараз, кој се смета за прв фаворит на Ролан Гарос поради повредата на неговиот сонародник Рафа Надал, беше огромен фаворит поради фантастичната форма во која се наоѓа, но и поради тоа што 33-годишниот Штруф го играше своето прво АТП Мастерс 1000 финале и тоа како „среќен губитник“, односно како поразен во последното коло од квалификациите за да влезе на турнирот по повлекувањето на друг тенисер.
Шпанецот, кој го прослави 20. роденден на турнирот, ја оправда фаворитската улога со брејк уште во првиот гем на мечот, но Штруф покажа дека е расположен за борба, враќајќи брејк за 2:2. Сепак, првиот сет, по час игра беше во рацете на Алкараз со уште еден брејк во седмиот гем. Штруф се врати во вториот сет со брејк за 2:0, по што во маратонскиот шести гем одбрани пет брејк-топки за израмнување на 1:1. Во одлучувачкиот сет, сепак, Алкараз ја покажа силата и со еден брејк стигна до нова титула.
За Алкараз ова е 10-та титула во кариерата и втора по ред, откако во финалето на Барселона опен пред две недели го совлада Стефанос Циципас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал

Букајо Сака ќе ја продолжи соработката со Арсенал во следните неколку дена.
Најголемата ѕвезда на тимот од Лондон се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот.
Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали и време траењето на новиот договор.
Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“.
Оваа сезона, тој има можност да го одведе Арсенал до финалето на Лигата на шампионите за прв пат од 2006 година.
Спорт
Реал подготвува церемонија за збогување и нова улога за Анчелоти

Најтрофејниот тренер на Реал Мадрид во неговата историја, Карло Анчелоти, ќе ја напушти позицијата ова лето, а „кралскиот клуб“ одлучи достоинствено да се збогува.
Анчелоти ќе го напушти клубот една година пред истекот на договорот, а раководството на клубот одлучи да му ги исплати сите плати што му следуваат според договорот, без оглед на тоа што нема да работи.
Во исто време, тој потоа ќе стане почесен амбасадор на клубот, иако најверојатно ќе стане селектор на бразилската фудбалска репрезентација.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да се раздели со Анчелоти на најубав можен начин, без никаква дамка, како што беше случајот претходно при разделбата на некои клупски легенди.
Перез планира да му приреди на италијанскиот тренер посебна церемонија за време на последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад, кога треба да му биде одадено признание за сите трофеи што ги освоил и неговиот придонес за клубот.
Спорт
Фиго веќе го знае победникот во Лигата на шампионите

Легендата на европскиот и светскиот фудбал Луис Фиго (52) има фаворит во Лигата на шампионите. Интересно, Фиго кој во кариерата настапуваше за Барселона и Интер, не смета дека тие се фаворити за титулата.
„Мислам дека тоа ќе биде ПСЖ – рече Фиго на доделувањето на наградите Лауреус наградите.
„Тимот е многу конзистентен во однос на резултатите и моментално е во одлична физичка форма“.
Откако тренерот Луис Енрике го презеде тимот во 2023 година, многу работи се сменија во ПСЖ. Францускиот шампион, некогаш познат по своето големо его и гигантските трансфери, сега многу повеќе се потпира на функционална тимска структура.
ПСЖ го елиминираше Ливерпул во осминафиналето, а во претходната рунда и Астон Вила. Во полуфиналето пред „светците“ повторно стои клуб од Премиер лигата, Арсенал.
„Топџиите“, со две победи во четвртфиналето го елиминираа се уште актуелниот европски првак.
Фиго, и покрај тоа што го стави ПСЖ на првото место, подели комплименти и за другите клубови.
„Тешко е да се направи цврсто и јасно предвидување – признава освојувачот на Златната топка за 2000 година. Секој што мисли дека Интер е фокусиран само на одбраната, прави голема грешка. Инзаги има солидна одбрана, но и играчи кои можат да направат разлика“.
Победа над Арсенал би го одвела ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите по втор пат во својата историја, откако во финалето во 2020 година загубија од Баерн Минхен со гол на Кингсли Коман.