Спорт
Халанд може да заработи повеќе од 4 милиони евра премии
Ерлинг Халанд (22) минатото лето го чинеше Манчестер Сити 60 милиони евра, но уште пред крајот на првата сезона во новиот клуб јасно е дека инвестицијата се исплатеше. На 46 натпревари постигна 51 гол. На четири кола пред крајот на англискиот шампионат го собори рекордот по број на голови (35) во сезоната во Премиер лигата, а со 12 гола на осум натпревари е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Халанд во целост го оправда и обештетувањето и платата. Годишно во Сити тој заработува 22 милиони евра. Тој е вториот најплатен играч во лигата, само соиграчот Кевин Де Брујне заработува повеќе од него.
Сепак, Халанд може значително да ги зголеми приходите оваа година.
Доколку ја освои титулата во Англија, а Сити е многу блиску до неа, ќе добие бонус од 1,1 милион евра.
Истата сума му е загарантирана и ако ја освои Лигата на шампионите каде Реал го чека во полуфиналето.
Доколку Сити го победи Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот, ќе добие 400.000 евра. Оваа сума веќе ја заработи како најдобра стрелец во Премиер лигата.
Со оглед на начинот на кој игра Халанд, тој мора да биде во најтесна конкуренција за „Златната топка“ оваа сезона. Во договорот со Сити има клаузула дека доколку ја освои оваа награда ќе добие бонус од 1,1 милион евра.
Значи, доколку ги постигне сите овие цели во следниот месец, а тие се многу остварливи, Халанд би заработил повеќе од 4 милиони евра бонуси во својата прва сезона во Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

