Спорт
(Видео) Емотивно видео – Марадона го „предаде“ трофејот на тимот на Наполи

Прославата на титулата во Неапол ќе потрае, а Наполи преку своите социјални мрежи објавија интересно видео во кое легендарниот Диего Армандо Марадона го предава трофејот дод сегашниот тим.
Во анимираното видео, Марадона го гледа Неапол од вулканот Везув, уште во неговиот легендарен дрес со „десетката“, по што го пушта трофејот, кој лебди над улиците, за да се најде во рацете на сегашниот тим на Наполи на стадионот кој го носи неговото име.
„Неапол, место каде што соништата можат да станат реалност“, се вели во видеото.
#Napul3… un posto dove i sogni possono diventare realtà
💙 #ForzaNapoliSempre #TuttoPerLei pic.twitter.com/qKNy2cKu85
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) May 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Два гола на Асенсио, Астон Вила го победи Челси

Зимските засилувања Маркус Рашфорд и Марко Асенсио, во копродукција со голманот на Челси, Филип Јоргесен и ја донесоа победата на Астон Вила прптив „сините“ од Лондон (2:1). Гоманот на Челси „придонесе“ за поразот на Челси со аматерската реакција во 90.минута.
Челзи поведе, и тоа во раната фаза од мечот, во деветтата минута, кога Нето брилијантно го проигра Фернандез, а Аргентинецот рутински го совлада својот сонародник и соиграч од репрезентацијата Мартинез.
Вила можеше брзо да израмни, во 19. минута, но Оли Воткинс шутираше од многу добра позиција по средината на голот. Истиот играч пропушти шанса две минути подоцна, кога во последен момент беше блокиран.
Енцо Фернандез можеше да го удвои водството во 29. минута, но шутираше над голот на Астон Вила. Во следниот напад, по одличната индивидуална акција на Кол Палмер не успеа да погоди.
До крајот на првиот дел, Воткинс имаше уште една шанса и повторно промаши, додека на другата страна имаше шанса и Нкунку, но Мартинез забележа фантастична интервенција.
Педро Нето можеше да ја удвои предноста на Челзи на стартот од вториот дел, но промаши од добра позиција. Казната стигна многу брзо, во 57. минута Рашфорд упати прецизен пас до Асенсио, кој го донесе израмнувањето.
Палмер потоа имаше уште две шанси, но англискиот репрезентативец во двата наврати беше непрецизен, во 70. и 76. минута. Казната „сините“ ги стигна во 90.минута.
Нова асистенција на Рашфорд за Асенсио чии удар мина низ рацете на Јоргенсен.
Астон Вила со натпревар повеќе има 42 бода на седмото место, Челси има бод повеќе на шестата позиција.
Спорт
(Видео) Брилијантниот Вања Милинковиќ-Савиќ го фрли Милан на колена

Фудбалерите на Торино го совладаа Милан со 2>1 во 26. коло во Серија А.
Натпреварот во северна Италија го одбележа брилијантниот голман на Торино Вања Милинковиќ-Савиќ, која беше и играч на натпреварот.
Српскиот репрезентативен голман му одбрани пенал на Кристијан Пулишиќ при резултат 1:0, откако „биковите“ до предност дојдоа со авоголот на Малик Цхау.
Вања Милинковиќ-Савиќ оваа сезона одбрани четири од петте пенали кои беа судени против Торино.
— OvoOno (@OvoOnoX) February 22, 2025
Покрај пеналот, Вања имаше уште неколку извонредни интервенции. Не можеше да направи ништо во 74. минута кога Рејндерс на мајсторски начин погоди.
Само три минути подоцна, Гуидас Гинеитис го постави конечниот резултат. Литванецот ја искористи бавната рекација во одбраната на Милан.
Спорт
(Видео) Даниела Алексовска е Европски шампион во ММА

Македонија слави уште еден историски успех! По освоениот сребрен медал на Европското првенство во 2024 година, оваа година, Даниела Алексовска, членка на „Д Стронгест“, се закити со златен медал на Европското ММА првенство 2025 во Белград, Србија.
Во финалето на женската дивизија, Алексовска ја совлада Анастасија Хородивска од Украина – актуелната светска вицешампионка – во првата рунда за помалку од една минута со зафат (триаголник), освојувајќи ја првата европска ММА титула за Македонија во женска конкуренција.
Овој успех претставува значајна победа за македонскиот ММА спорт, а Алексовска уште еднаш докажа дека припаѓа на европскиот врв.