Македонија
Ковачевски – Блинкен: Партнерството меѓу САД и Северна Македонија се продлабочува, целосна поддршка од САД за евроинтеграциите
Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Вашингтон вчера, во попладневните часови по американско време се сретна со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
На средбата Ковачевски и Блинкен разменија мислења за билатералните односи помеѓу Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.
На средбата, на која беше присутен и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Ковачевски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер и докажан сојузник на САД. Двете држави споделуваат длабоки врски, засновани на заедничка почит на демократските вредности и човековите права и ваквите односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика.
Американскиот државен секретар Блинкен на состанокот потенцира дека САД високо го ценат придонесот на Република Северна Македонија во регионалниот контекст, но, пред сè, како цврст НАТО-сојузник. Блинкен истакна дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори високо ценејќи ги досегашните храбри и мудри одлуки што Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамките на ЕУ и НАТО.
Блинкен ја пренесе силната долгогодишна поддршка на претседателот Бајден на регионот и особено на Северна Македонија, со надеж дека земјата ќе ги искористи можностите што се пред неа, а на тој пат државниот секретар потенцира дека САД ќе стојат цврсто со Северна Македонија.
Ковачевски потенцира дека Северна Македонија добива силна и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели од прогласувањето на независноста до денес.
Премиерот изрази искрено задоволство од успешното започнување на стратешкиот дијалог со САД, што е нова одредница во нашите пријателски односи, подобрување на заемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски.
Ковачевски истакна дека тој дијалог е од интерес на двете земји за конкретизирање на соработката во сите сфери од заемен интерес.
Ја нагласи важноста од досегашната поддршка на САД за продолжување и интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, владеење на правото, борба со корупцијата и криминалот, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Во оваа насока беше потенцирана целосната поддршка што Северна Македонија ја добива од страна на САД во насока на преземање на следните чекори во евроинтегративниот процес на земјата.
Претседателот на Владата истакна дека реформите за владеењето на правото и борбата против корупцијата се највисоки приоритети. Премиерот потенцира дека Владата на Северна Македонија високо ја цени американската поддршка за развојот на антикорупциски стратегии за секоја земја од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија, како поддршка на националните антикорупциски стратегии, кои се веќе креирани во многу области.
На средбата Ковачевски посочи дека демократските институции на Северна Македонија, инклузивната и мултиетничка демократија се стимул за земјите од Западен Балкан и му покажуваат на регионот дека демократијата ги негува условите што се потребни за да се промовира непрекината безбедност и просперитет.
Поддршката од САД продолжува и во периодот што претстои бидејќи тоа е од голема важност за стабилноста и просперитетот и на Северна Македонија, но и на регионот, соопштија владините служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

