Свет
Израел уби тројца команданти на Исламскиот џихад во бомбардирањето на Појасот Газа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа голем број истакнати припадници на терористичкото движење Палестински исламски џихад (ПИЈ) во воздушните напади во Појасот Газа рано утринава како дел од новата операција „Штит и стрела“, пренесува „Џерусалем пост“.
Меѓу терористите, кои беа цел на ИДФ, се командантот на бригадите Ал Кудс во северниот дел на Појасот Газа, функционер одговорен за терористичките активности на Западниот Брег и секретарот на воениот совет на Исламскиот џихад.
Дванаесет лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во израелските воздушни напади во Газа придружени со рации на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти и израелските безбедносни претставници.
Палестинските власти во Газа тврдат дека најмалку шест од убиените се цивили, меѓу кои и жени и деца.
Израелската војска соопшти дека двајца команданти на Исламскиот џихад, втората најмоќна група во Газа, која е под управа на Хамас, загинале во воздушните напади, чија цел, покрај командантите, биле локации за складирање и производство на муниција. Третиот командант на милитантите бил убиен на окупираниот Западен Брег.

Бригадите Ал Кудс, вооруженото крило на Исламскиот џихад, ја потврдија смртта на тројца свои команданти, кои биле убиени со своите семејства.
Убиени се Калил Бахитини, командант на бригадите Ал Кудс во северниот дел на Појасот Газа, Тарек Езалдин, портпарол на движењето, кој ги организирал терористичките активности на Западниот Брег и Газа, и Џихад Ганем, секретар на воениот совет на Исламскиот џихад.
Терористичката група се закани дека ќе одговори на бомбардирањата со свои напади, а Хамас истакна дека Израел ја ескалира својата агресија врз Појасот Газа.
Според Националниот портал за итни случаи, Израелците наводно биле ставени во состојба на готовност неколку часа пред нападот. Тие добиле инструкции да останат во близина на означените засолништа во појасот од 40 км од границата со Појасот Газа.
Денешните воздушни напади се најновиот инцидент во зголемено насилство последнава година, обележана со континуирани напади на ИДФ, ескалација на насилството кај доселениците на окупираниот Западен Брег и низа палестински улични напади.
Од јануари досега убиени се повеќе од 90 Палестинци и најмалку 19 Израелци и странци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Куче открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра
Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно возило (со полуприколка) управувано од 49-годишен грчки државјанин и „по индикација од службеното куче за детекција на наркотични супстанции на Крајбрежната стража „Мезкал“, во кабината на возачот беа пронајдени внимателно скриени 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 22,693 килограми“.
При понатамошна контрола, во товарниот простор на полуприколката биле пронајдени 163 пластични пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 133,669 килограми, како и уште 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 21,942 килограми.
За дрогата бил уапсен возачот на камионот, како и уште едно лице, грчки државјанин кој требало да преземе дел од наведените наркотични супстанции.
Свет
Вонредна состојба и предупредувања поради бура за над 140 милиони луѓе во САД
Снежна бура предизвика сериозен хаос низ Соединетите Американски Држави, поради што за над 140 милиони луѓе, односно повеќе од 40 проценти од населението, е издадено предупредување за опасни временски услови. Поради невремето, речиси 12.000 летови планирани за викендот се откажани, јавуваат американските медиуми.
Предупредувањето се протега од Ново Мексико до Нова Англија, при што Националната метеоролошка служба најави обилни снежни врнежи и замрзнување на коловозите од источен Тексас до Северна Каролина. Во делови од југоисточна Оклахома, источен Тексас и Луизијана е регистрирано формирање мраз со дебелина до 0,6 сантиметри.
Метеоролозите предупредуваат дека по завршувањето на бурата ќе следи екстремно ниска температура, поради што снегот и мразот ќе се топат многу бавно, дополнително отежнувајќи ја нормализацијата на состојбата. Во некои региони штетите од мразот би можеле да бидат споредливи со оние предизвикани од урагани.
Гувернерите во повеќе од десет сојузни држави прогласија вонредна состојба или апелираа граѓаните да останат во своите домови. Во меѓувреме, околу 120.000 корисници останаа без електрична енергија, најмногу во Тексас, Луизијана и Ново Мексико.
US storm leaves 160,000 without power, forces thousands of flight cancellations
winter storm that has cut power to more than 160,000 electricity customers as far west as Texas, and threatened to paralyze eastern states with heavy snowfall pic.twitter.com/oaFPraSjbg
— Muhammad wahaj (@M_wahaj1) January 25, 2026
Авиосообраќајот е сериозно нарушен, при што сите летови беа откажани на некои аеродроми, вклучително и во Оклахома Сити, додека меѓу најпогодените се аеродромите во Далас, Нешвил и Шарлот.
Особено загрижувачки се температурите на Средниот Запад, каде се измерени и до минус 40 степени Целзиусови, што носи ризик од смрзнатини за само неколку минути. Во Висконсин е измерена температура од минус 38 степени, најниска во последните речиси три децении.
Американската администрација соопшти дека е во постојана координација со државните и локалните власти, а девет сојузни држави побараа прогласување вонредна состојба со цел активирање федерални ресурси за справување со последиците од екстремното невреме.
Свет
Орбан со порака до Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена.
„Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа X.
Унгарскиот премиер претходно во четвртокот го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој, според извештаите од Будимпешта, тој „повторно ја нападна унгарската Влада и него лично“.

