Европа
Фон дер Лаен во Киев го подготвува теренот за почеток на пристапните преговори на Украина со ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска пристигна во Киев во симболична посета на Денот на Европа со цел да ја изрази својата целосна поддршка за Украина.
„Моето денешно присуство во Киев е симболично, но и знак на клучна и многу практична реалност: ЕУ соработува со Украина за многу прашања“, изјави претседателката на Комисијата за новинарите.
Таа нагласи дека со украинското раководство ќе разговара за повеќе прашања, од испраќање муниција и значителна финансиска помош до обезбедување одговорност на Русија за нејзиното злосторство, агресија и подготовка на теренот за почеток на пристапните преговори.
Фон дер Лаен исто така ја поздрави одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го одбележи 9 мај како Ден на Европа во иднина.
„Украина е дел од европското семејство“, рече Фон дер Лаен.
„Продолжуваме да вршиме притисок врз Русија. Ова е една од работите што ќе му ги пријавам на претседателот Зеленски. Сега ставаме акцент на строго спроведување на санкциите и преземање мерки за спречување избегнување санкции. Во тоа никој не треба да се сомнева“, рече Фон дер Лаен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.
Европа
Закани за бомби во Австрија, затворени железнички станици
Неколку железнички станици во Австрија се затворени поради повеќе закани за бомби во изминатите неколку дена, изјави денеска портпаролот на полицијата за германската новинска агенција ДПА.
„Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, додаде портпаролот.
Синоќа, биле упатени закани до станици во Св. Поелтен, Салцбург и Клагенфурт, во вторникот до главната станица во Линц, а во понеделникот до главната станица во Грац. Сите станици беа затворени, а железничкиот сообраќај беше во прекин неколку часа.
Полицијата добивала закани преку електронска пошта, во кои се тврди дека на станиците има експлозив што може да се активира. Засега не се пронајдени опасни предмети.
Австриските разузнавачки служби истражуваат голем број закани. Австриската државна железничка компанија одби да ги коментира извештаите.