Европа
ЕУ ќе биде домаќин на мировни преговори меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан

Како дел напорите да се постигне мировен договор за нивниот тридецениски територијален спор, лидерите на Ерменија и Азербејџан ќе одржат преговори во Брисел в недела (14 мај), соопшти Европската Uнија, пренесува „Еурактив“.
„Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе биде домаќин на средбата меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев како дел од напорите „да се промовира стабилноста на Јужен Кавказ и нормализацијата меѓу двете земји“, се вели во соопштението од понеделникот.
Состанокот во Брисел доаѓа откога САД посочија дека во разговорите во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на двете засегнати земји минатата недела бил постигнат опиплив напредок кон мировен договор за ставање крај на спорот за енклавата Нагорно-Карабах.
Пашинјан и Алиев одржаа неколку рунди преговори, главно организирани од ЕУ или Русија, но не успеаја да ги надминат клучните проблеми, вклучително и демаркација на границата.
Во соопштението од ЕУ се вели дека двајцата лидери се согласиле и на заедничка средба со лидерите на Франција и Германија на маргините на европскиот самит во Молдавија на 1 јуни.
„Тие се обврзаа и на состаноци во Брисел толку често колку што е потребно за да се справат со тековните случувања на теренот“, се вели во соопштението.
И Ерменија и Азербејџан беа републики на Советскиот Сојуз и ја стекнаа својата независност кога тој се распадна во 1991 година. Двете страни двапати војуваа за спорните територии, главно за Нагорно-Карабах, енклава во Азербејџан со мнозинско ерменско потекло.
Десетици илјади беа убиени во војните, од кои едната траеше шест години и заврши во 1994 година, а втората во 2020 година заврши со договор за прекин на огнот, што го издејствува Русија.
Азербејџан внесе нови тензии во спорот со поставување контролен пункт на коридорот Лачин, единствената копнена врска меѓу Ерменија и Нагорно-Карабах. Ерменија го смета овој потег за прекршување на примирјето за кое се преговараше меѓу двете страни.
Западните напори за посредување доаѓаат во време кога големата регионална сила Русија се бори да го задржи своето одлучувачко влијание поради последиците од војната против Украина.
Кремљ инсистира дека нема алтернатива за договорот за прекин на огнот што го потпиша со двата завојувани соседи во 2020 година, според кој на теренот беа распоредени руски мировници.
Пашинјан денеска е во Москва за да присуствува на парадата на 9 мај, посветена на победата во Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.