Спорт
Вест Хем го продава Рајс за 135 милиони евра
Фудбалерот на Вест Хем и англиски репрезентативец Деклан Рајс добил дозвола од првиот човек на лондонскиот клуб за трансфер во летниот преоден рок. Вест Хем за капитенот бара обештетување од 120 милиони фунти (околу 135 милиони евра), пренесуваат британските медиуми.
„Дејли Мејл“, наведува дека Рајс е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот. За англискиот репрезентативец се заинтересирани многу клубови од Премиер лигата, а тој моментално е најблиску до трансфер во Арсенал.
Рајс (24) има договор со Вест Хем до 30 јуни следната година, а негова нескриена амбиција е што поскоро да игра во Лигата на шампионите.
Раководството на клуботсмета дека заминувањето на англискиот репрезентативец на крајот од сезоната е неизбежно, бидејќи Рајс наскоро ќе влезе во последната година од договорот.
Рајс во 2017 година од Челси се пресели во Вест Хем. За „Чеканите“ одигра 239 натпревари и постигна 14 гола.
Рајс ги помина сите младински селекции на Република Ирска, а за сениорскиот тим на оваа земја одигра три натпревари. Фудбалерот на Вест Хем во 2019 година одлучи да игра за репрезентацијата на Англија, а за Гордиот Албион одигра 41 натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

