Спорт
Сабаленка: Знам дека уште ме мразат бидејќи сум од Белорусија и тоа нема да се смени
Светската тенисерка број 2, Арина Сабаленка признава дека чувствува омраза кон неа само бидејќи доаѓа од Белорусија и дека не може да направи ништо да го смени тоа. Ова не е првпат таа да зборува за омразата во соблекувалните и пред Италија опен во Рим, вели дека ништо не е сменето.
Сепак, таа ја пофали ВТА турнејата што дозволи руските и белоруските тенисерки да продолжат да се натпреваруваат, за разлика од многу други спортисти од овие две земји поради војната во Украина.
„Тоа е тешко прашање поради сите работи. Што се сменило? Тие што не мразеа претходно, што ја мразеа мојата земја, уште не мразат. Не верувам дека нешто ќе се смени. Среќна сум што ни е дозволено да игаме, што ВТА прави што може да ја реши ситуацијата. Тоа е тоа. Промената дојде кај мене, бидејќи решив да се фокусирам на самата себе. Не сум направила ништо лошо на Украинците, тоа не е моја вина, ниту вина на руските спортисти. Јас сум само спортистка и тоа ми помогна да се фокусирам“, вели Сабаленка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

