Регион
Новинар на АФП, роден во Сараево, убиен во источна Украина
Украинскиот видео-координатор на агенцијата „Франс прес“, Арман Солдин (32), е убиен во ракетен истрел во близина на Часив Јар во источна Украина, објавија новинарите на АФП кои беа сведоци на трагедијата. Нападот се случил околу 16:30 часот на периферијата на градот кај Бахмут.
Како што пренесува порталот „Ле Монд“, екипата на АФП била истрелана со ракети „град“ додека биле со група украински војници. Солдин загинал кога ракета го погодила местото каде што лежел. Остатокот од тимот не е повреден.
„Неговата смрт е страшен потсетник за ризиците и опасностите со кои секојдневно се соочуваат новинарите додека известуваат за конфликтот во Украина – изјави претседателот на АФП, Фабрис Фрајс.
Арман Солдин е роден во Сараево, но бил француски државјанин. Во 2015 година почна да работи за АФП како дописник практикант во Рим, а подоцна беше ангажиран во Лондон. Тој беше дел од првиот тим на АФП испратен во Украина по почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година. земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ, граѓаните коментираат на ЕМСЦ: „ Се тресеше и имаше силен звук“
Земјотрес е регистриран во Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Јабланица, на 38 километри од Мостар, а бил почувствуван и во Сараево.
Магнитудата на земјотресот била 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Граѓаните коментираатна ЕМСЦ дека силно се тресело и имало силен звук.
Регион
(Видео) Запалени фигури на политичари: албанските пратеници од опозицијата протестираа во Собранието
Пратениците на албанската опозиција денеска протестираа во Собранието, палејќи фигури на политичари, а потоа се судрија со обезбедувањето, откако нивниот колега Ервин Салијањи беше осуден на затворска казна за клевета.
Пратениците на конзервативните демократи кои повикаа на бојкот на денешната седница се обидоа да им го блокираат влезот во салата на своите колеги од владејачката Социјалистичка партија, пренесува АП.
Chaos has continued in the #Parliament in #Albania. Prime Minister #EdiRama's party on Wednesday expelled 23 opposition MPs, who will no longer be able to participate in parliament for 60 days. this has fueled clashes between the majority and opposition groups in parliament. pic.twitter.com/GotXgfHyd1
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) October 3, 2024
Салијањи во 2018 година побара оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувања дека братот на министерот извршил незаконски активности, кои подоцна се покажаа како лажни, анализира медиумот.
Демократите ја прекинаа парламентарната седница во понеделникот, велејќи дека осудата на Салијањи е политички мотивирана и повикаа на протести во Тирана.
Пратениците денеска се скараа со обезбедувањето и ги запалија фигурите на премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.
Откако не влегоа во салата, пратениците од опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја затворија седницата и си заминаа.
Демократите долго време го обвинуваат Рама за злоупотреба на власта.
Рама ги предводеше социјалистите од 2005 година и моментално е во третиот премиерски мандат.
Следната година во Албанија треба да се одржат парламентарни избори, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ: На 24 ноември ќе ја отвориме брзата пруга Нови Сад – Суботица; За две години Белград-Будимпешта за 2 часа и 40 минути
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека на 24 ноември ќе биде отворена новоизградената делница на брзата пруга од Нови Сад до Суботица.
Вучиќ, за време на тестирањето на пругата со специјален воз на германските железници, рече дека кога ќе се отвори пругата, од Белград до Суботица ќе бидат потребни само еден час и 10 минути.
Тој додаде дека при денешното тестирање на брзата пруга, возот ќе достигне брзина од 200 километри на час, пренесуваат медиумите во регионот.
„Денес имавме тешка дискусија со мисијата на ММФ, но на добар пат сме. А утре или задутре ќе имаме одлични вести за Србија. На тоа се надеваме со децении“, рече Вучиќ. пренесува Танјуг.
Вучиќ изјави дека изградбата на брзата пруга од Нови Сад до Суботица е голема работа за цела Србија и дека очекува Унгарија да го заврши својот дел од пругата за две години, кога ќе биде потребно два часа и 40 минути за патување од Белград до Будимпешта.
За време на тест возењето од Белград до Суботица, Вучиќ рече дека по поврзувањето со Будимпешта, Србија очекува понатамошни врски преку Ниш до Солун, како и со Истанбул, но дека за тоа е потребно да се обезбедат пари.
„Со изградбата на оваа пруга се се менува. Со поврзувањето со Будимпешта очекуваме зголемување на бројот на туристи“, изјави Вучиќ.
Зборувајќи за изградбата на пругата, Вучиќ рече дека се е направено по највисоки стандарди, дека пругата е изградена за да нема бучава при возењето и дека станиците на трасата се многу добро уредени.