Спорт
(Видео) Два прекрасни гола и реми – епската битка Реал-Сити ќе се одлучува во Манчестер
Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“, за да осигураат фантастична пресметка во реваншот во Англија, каде што ќе се одлучува патникот во големото финале.
Во реприза на двомечот од пред една сезона, навивачите на Реал Мадрид ги пречекаа своите херои на стадионот со кореографија на која потсетија дека се „газди“ во Лигата на шампионите со своите 14 трофеи. Сити, уште во лов на првата титула од европската елита, почнаа со апсолутна доминација во поседот на топката, притискајќи ја одбраната на Реал, но без многу стоотстотни шанси.
Кога изгледаше дека „виси“ голот на домаќините, во 36. минута тимот на Карло Анчелоти покажа зошто е многу опасен – по една брза акција на Едуардо Камавинга, Винисиус Жуниор постигна прекрасен гол за водство на актуелните шампиони. Во второто полувреме, гостите повторно се потпреа на својата теренска доминација, но и сега тешко се доаѓаше до голот на Тибо Куртоа до 67. минута, кога Кевин де Брујне постигна уште еден прекрасен гол за израмнување.
Во второто полуфинале, утре на „Сан Сиро“ во првиот меч се среќаваат градските ривали Интер и Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брага го победи лидерот Лацио и испадна, Фенербахче на гол разлика ја мина првата фаза
Заврши првата фаза во Лига Европа. Лацио и покрај поразот во Брага го задржа првото место на табелата. Покрај Лацио, дирекнот во осминафиналето се пласираа: Атлетик Билбао, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт, Лион, Олимпијакос и Глазгов Ренџерс.
Среќата вечерва му беше наклонета на Фенербахче. Турскиот клуб одигра 2:2 кај Митјиланд, на крајот од 24.позиција избори пласман во плејофот. Браг го победи Лацио, но имаше за еден гол полоша гол разлика од Фенербахче.
За месот во осминафиналето ќе играа: Бодо/Глимт, Андерлехт, ФЦСБ, Ајакс, Реал Сосиедад, Галатасарај, Рома, Викторија Плзен, Ференцварош, Порто, АЗ Алкмар, Митјиланд, Унион Сен Жилоа, ПАОК, Твенте и Фенербахче.
Лига Европа на УЕФА, 8. коло:
Ајакс – Галатасарај 2:1 (1:0)
/Траоре 23, Фиц-Џим 58 – Осимхен 90+4/
Андерлехт – Хофенхајм 3:4 (1:1)
/Васкез 18, Гото 80, Аугустинсон 88 – Хранац 41, Бишоф 54, Моква Нчу 60, Хлошек 65/
Рома – Ајнтрахт 2:0 (1:0)
/Анхелињо 44, Шомуродов 69/
Атлетик Билбао – Викторија Плзен 3:1 (1:0)
/Н. Вилијамс 25, Алварез 64, Ансо 90+5 – Хавел 71/
Брага – Лацио 1:0 (1:0)
/Р. Орта 6/
Динамо Киев – РФС 1:0 (0:0)
/Пихалионок 76/
ФЦСБ – Манчестер Јунајтед 0:2 (0:0)
/Дало 60, Мејно 69/
Ференцварош – АЗ Алкмар 4:3 (3:0)
/Бен Ромдане 9, 45, Трапе 34, Варга 82 пен. – Мијнас 76, 90+5, Паро 90/
Лион – Лудогорец 1:1 (0:0)
/Толисо 54 – Алмеида 78/
Макаби Тел Авив – Порто 0:1 (0:0)
/Нико 58/
Митјиланд – Фенербахче 2:2 (1:1)
/Диао 27, Бисков 86 – Ен Несири 39, Џеко 47/
Спорт
Хрватска ја декласира Франција, в недела ќе се бори за златото на СП
Хрватската ракометна репрезентација е првиот финалист на 29. Светското првенство. Хрватска во Загреб ја совлада селекцијата на Франција со резултат 31:28 (18:11).
Во феноменална атмосфера во Загребската Арена, домашните во првото полувреме играа како во транс, кога стекнаа капитална предност и со која ја скршија Франција.
Ниту најголемите оптимисти не очекуваа дека Хрватите ќе го реализираат буквално секој напад, а Французите ќе губат топки во серија.
Хрватите погодуваа од сите позиции. Од бековските Мараш, Срна и Мартиновиќ, а од крилата Јелиниќ и Главаш.
Тоа резултираше со огромна серија на Хрватска, која во еден момент водеше со дури девет гола разлика, 18:9.
Сепак, Французите го затворија првото полувреме со два гола, а потоа го отворија второто со водство од 4:1. А, и покрај исклучувањето на Мин, „триколорите“ успеаја да се вратат и да внесат малку неизвесност во натпреварот.
Но, избраниците на Дагур Сигурдсон го одбија тој налет и со огромната подршка од навивачите и огромниот притисок врз судиското двојка, успеаја да го приведат натпреварот до крај.
Срна и јелиниќ постигнаа по седум голови, Мартиновиќ шест, а Кузмановиќ на голот имаше 13 одбрани. Франција ја предводеше Мем со осум гола.
Во второто полуфинале, в петок од 20 часот и 30 минути, во Осло се среќаваат бранителот на титулата Данска и Португалија.
Финалето се игра в недела во норвешката престолнина со почеток во 18 часот.
Спорт
Серхио Рамос седум месеци бараше клуб, го најде во Мексико
Прославениот шпански фудбалер Серхио Рамос кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
Шпанскиот дефанзивец е слободен играч од ова лето, кога му истече договорот со Севилја.
Иако сите мислеа дека неговата кариера е завршена, тој на 38 години реши да замине за Мексико, каде што доби покана од Монтереј.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двете страни се во тек и доколку ги мине лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на мексиканскиот клуб.
Тренер на Монтереј е Мартин Демикелис, кој бараше засилување поради повредата на Карлос Салседо.
Овој клуб моментално го зазема 13-тото место во мексиканската Клаусура со три бода по три одиграни натпревари.
Рамос во новото опкружување ќе го пречекаат поранешните соиграчи Лукас Окампос и Оливер Торес со кои играше во Севилја, а во клубот е и поранешниот играч на Бетис, и Серхио Каналес.