Свет
(Видео) Латвија уапси 26 лица што го славеле Денот на победата и покрај забраната
Триесетина жители на Латвија, која е членка на ЕУ и на НАТО, биле уапсени во вторникот поради кршење на законот против славењето на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пренесува РТ.
Латвиската полицијата дури му ја одзела и јакната со испишано „Русија“ на човек во инвалидска количка, а друг Латвиец бил уапсен затоа што носел советски медали на јавно место.
Во билтенот на латвиската полиција вчера биле пријавени вкупно 26 апсења, 38 прекршочни пријави и четири кривични пријави, пренесува „Делфи“. Иако повеќето случаи се регистрирани во главниот град Рига, повеќе апсења имало и во Даугавпилс.
Во еден инцидент, постар граѓанин, што полицијата го опишала како „премногу млад за да биде ветеран од Втората светска војна“, се појавил облечен во јакна со советски медали. Кога полицијата му рекла да ги тргне, тој дал отпор при апсењето.
Nulles tolerance Daugavpilī: policija aiztur pirmo 9. maija svinētāju.
Lasi vairāk: https://t.co/grnWQtItTI pic.twitter.com/KI3RcKH3HL
— TV3 Ziņas (@TV3zinas) May 9, 2023
Петмина Латвијци биле уапсени за полагање цвеќе „со симболите на воената агресија“ на Споменикот на слободата во Паркот на победата во Даугавпилс и подоцна биле обвинети за „јавно истакнување симболи со кои се глорифицираат милитаристичката агресија и воените злосторства“.
Двајца мажи што зборувале руски биле приведени во паркот „Дубровински“ во Даугавпилс откако дале изјави за „ТВ 3“, а подоцна биле обвинети зашто изјавиле дека во Украина на власт се вратиле фашистите со поддршка од ЕУ.
Латвискиот парламент во април ја забрани прославата на Денот на победата како „омаловажување и поткопување на вредностите на Летонија како демократска и национална држава преку поделба на општеството, глорификација на војната, воената агресија и на тоталитаризмот, како и лажно толкување на историските настани“.
Pārdaugavā monumentu okupācijas armijai novāca, bet Daugavpils centrā to lēma atstāt. Lielākais Baltijas valstīs. Šodien👇🏻 ,kā jau katru gadu 9.maijā, 🇷🇺faniem ir kur pulcēties. pic.twitter.com/PKo52JMgXs
— Nepareizais (@realNepareizais) May 9, 2023
Летонците, сепак, масовно излегоа да положат цвеќе на гробиштата и спомениците на борците од Втората светска војна. Повеќето апсења и казни беа за полагање цвеќиња на забранети места, на кои своевремено имало советски споменици пред владата во Рига да ги уништи.
Латвија и другите балтички републики, кои беа дел од Советскиот Сојуз до 1991 година, тврдат дека советскиот период кај нив бил незаконска окупација и често ги глорифицираат како патриоти некогашните соработници на нацистичка Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска: Времето за разговор со Путин ќе дојде, но не сега
Полска предупреди дека Европската Унија не треба избрзано да ги обновува дипломатските канали со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека секој иден контакт со Москва мора да се води исклучиво преку институциите на Унијата.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави во Брисел дека ЕУ веќе има јасна контакт-точка со Русија преку високата претставничка за надворешна политика Каја Калас и дека не треба да се создаваат нови механизми или посредници кои би можеле да го ослабат притисокот врз Кремљ.
„ЕУ веќе има свој глас. Тоа е Каја Калас“, рече Сикорски, додавајќи дека секој разговор со Москва мора да биде цврсто втемелен во заедничката политика на ЕУ, а не во иницијативи на поединечни земји.
Тој оцени дека „времето за разговор со Путин ќе дојде, но тоа не е денес“, предупредувајќи дека Европа не смее да наседне на, како што рече, триковите на Кремљ.
Дебатата се отвори откако францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони ја споменаа можноста за обновување директни комуникации со Москва, речиси четири години по почетокот на војната во Украина.
Фото: Depositphotos
Свет
Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето
На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес руските медиуми.
Според податоците на таа лабораторија, дупката е висока околу еден милион километри, објави агенцијата Интерфакс.
Како што е наведено, појавата на бројни коронални дупки на Сонцето започнала во првите месеци од минатата година, веднаш по врвот на сончевиот циклус што се случил помеѓу октомври и декември 2024 година.
Ова доведе до зголемување од 60 проценти на бројот на магнетни бури минатата година, соопштија научниците.
„Севкупно, зголемувањето на бројот на магнетни бури би можело да продолжи уште најмалку две години, приближно до 2028 година, по што треба да започне брзо опаѓање на сите видови сончева активност, што би довело до сончев минимум околу 2029 и 2030 година“, се наведува во извештајот на лабораторијата, пренесе руската агенција Танјуг.
Регион
Вучиќ: Не ја напаѓам ЕУ, туку ја штитам Србија, нема да бидеме понижени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата.
„Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во спротивност со интересите на Србија, и тоа е мое барање“, изјави Вучиќ за „ТВ Пинк“.
„Мојот повик до г-ѓа Брнабиќ е да го повтори тој процес, да ги вклучи сите во тој процес“, додаде Вучиќ и нагласи дека се надева дека ќе се најде решение.
Запрашан за европратениците кои рекоа дека доаѓаат во Србија, иако разговорите со српските претставници не беа соодветно најавени, Вучиќ рече дека го бојкотира само Тонино Пицула.
„Ниту нè прашаа дали се добредојдени, ниту ни ги соопштија датумите, ќе беше убаво да прашаа дали претседателот е тука, а пред еден месец го закажаваа тоа. Не направија ништо од тоа, туку рекоа „тогаш ќе стигнеме“, а јас сè се договорив во Давос пред пет месеци“, истакна Вучиќ.
Во исто време, ги праша европратениците зошто не покажаа почит кон неговата земја, додавајќи дека тие, заедно со блокадерите, не сакаат дијалог.
„Ние сме на европскиот пат, но нема да бидеме понижени од некои европратеници, а моја работа е да го спречам тоа“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека е единствениот од регионот што е почестен и дека е најавен на бизнис форумот во Давос на исто ниво како и светските лидери.
„Сите доаѓаат во Давос и сите сакаат да бидат слушнати, а пред сè сакам да слушам и да присуствувам на сите настани што се организираат. Обично само еден претседател е таму цел ден, а тоа сум јас, од рано наутро до вечер, бидејќи немаме пари да плаќаме за скапи хотели. Се наоѓаме на околу 20 километри од центарот на настанот“, рече Вучиќ.

