Контакт

Топ

Велешанец загина, малолетничка повредена – тешка несреќа на автопатот Скопје – Велес

Објавено пред

Денеска, околу 00.40 часот, во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, управувано од С. Н. (30) од Велес, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата од добиените повреди С. Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош“, велат од МВР.

Тешки телесни повреди добила Б. П. (19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Објавено пред

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали интервенции. Еден се уште се води како активен, во Општина Василево, кај с.Добрашинци, каде гори ниска вегетација, ниска шума и грмушки.

dobivaj vesti na viber

Целосно изгасените се девет пожари на отворено  во општините: Гази Баба имало два пожара, кај с.Јурумлери(горело жито) и повторно с.Јурумлери (ѓубре), Карпош, кај с.Злукуќани (ниска вегетација), Кавадарци имало 3 пожари, кајс.Ваташа (ниска вегетација, нискастеблеста шума), покрај ул.Видое Смилевски Бато(ниска вегетација) и покрај ул.Ристо Ѓонев во с.Ваташа(ниска вегетација), Битола, кај училиштето „Тодор Ангелевски“ (ниска вегетација), Охрид, кај месноста „Мауцкер“ (депонија) и во Општина Куманово, кај с.Лопате (горела ниска вегетација).

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира, во последното деноноќие, имало вкупно 2 024 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици биле 58,60%, а 41,40% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,14%, кон Итната медицинска помош 27,73%, а кон пожарникарите  5,04%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 878 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (10,08%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (41,40%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Регионалниот ЦУК Тетово, информира дека Општина Тетово утре (01.07.2024 година  понеделник), ќе се врши планираната дератизација на територијата на Град Тетово, за уништување на глодари. Дератизацијата ќе започне од 08:00 часот, ако се поволни временски услови. Се апелира до  граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата и заштитните мерки дадени од надлежните, од општината.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

Објавено пред

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.

dobivaj vesti na viber

Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.

Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска побара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче, иако во изјава за медиумите рече дека таа сепак ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите биле веќе отпечатени.

Таа ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата. Посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.

Четворицата кандидати месецов водеа предизборна кампања, најавувајќи реформи во партијата, како и обединување на членството.

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи.

Во врска со вчерашните забелешки на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право. Нагласи дека дел од доставените приговори од страна на некои општински организации биле прифатени, дел не.

Избирачкиот список ќе брои вкупно 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

dobivaj vesti na viber

Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

„Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од ‘САЕ Тигар’, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ 8-ми Септември во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт“, информираат од ЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија4 часа

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија17 часа

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија19 часа

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија22 часа

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија23 часа

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион23 часа

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ23 часа

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа1 ден

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ2 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија2 дена

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија2 дена

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија2 дена

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...

Македонија2 дена

Бујар Османи му ја предаде функцијата на Муцунски – евроинтеграциите, партнерството со САД и инвестициите ќе бидат во фокус

Во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски...

Топ2 дена

Болјер усмрти тинејџер, загина 14-годишно дете во Маврови Анови

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. „На 27.06.2024 во 18.00 часот во...

Македонија2 дена

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Градинка во Крива Паланка беше поплавена при временските непогоди во последните две деноноќија. Како што соопшти Центарот за управување со...

Свет2 дена

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп – најстарите кандидати во историјата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa. Двајцата кандидати разменија...

Македонија2 дена

За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот...

Македонија2 дена

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје, проблеми со струја. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта,...