Македонија
Грковска: Дигитализацијата овозможува ефикасни услуги за граѓаните и на централно и на локално ниво
„Дигиталната трансформација е можност за голем напредок кон ефикасно, транспарентно и отчетно работење на сите институции, без оглед дали станува збор за министерство или општина. А тоа е најдобриот и најефективен начин за да се зголеми довербата на граѓаните во системот“, истакна заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, на денешната тркалезна маса во организација на УНДП, посветена на дигиталната трансформација на локалните самоуправи.
Вицепремиерката Грковска посочи дека во нашата земја постои силна политичка волја да се прифати дигитализацијата и да се развијат разни алатки за дигитализација на јавните услуги на централно и на локално ниво. Тоа го покажуваат и активностите на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството со кој таа претседава. Концептот за дигитална трансформација, кој на предлог на Националниот совет беше усвоен од Владата и за кој во моментот се подготвува патоказ на активности, ги дефинира основните принципи на дигиталната трансформација на сите области на општеството, која мора да се одвива со соработка помеѓу сите институции, приватниот и граѓанскиот сектор и академската заедница.
„Дигитализацијата не е избор, туку неминовност и не смееме да си дозволиме да заостанеме во овој процес. Колку повеќе напредуваме во имплементирањето соодветни решенија на ова поле, толку побргу ќе ги почувствуваме придобивките на секое ниво“, изјави вицепремиерката Грковска и посочи дека континуираните инвестиции во инфраструктура и во стручен кадар се основниот предуслов за да може да се реализираат плановите. Тука влегува и потребата од инвестиции во дигиталната инфраструктура на локално ниво, како и обука и поддршка за функционерите на локалната самоуправа за ефективно воведување и искористување на овие алатки.
Од аспект на вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење, Грковска нагласи дека е важно што со дигитализацијата се намалува улогата на човечкиот фактор, а со тоа се стеснува просторот за коруптивно однесување во пристапот до услуги, што треба да биде дополнителен мотив за забрзување на процесите.
„Ако се елиминираат причините за незадоволство на граѓаните во секојдневната комуникација и соработка со институциите, ако се сведат на минимум шансите за штетно постапување, ако се зголеми брзината и квалитетот на испорачаните услуги, тоа директно и позитивно ќе влијае врз животот, но и врз ставовите на граѓаните“, заклучи Грковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.