Македонија
(Видео) „Не заслужувам ваков пристап како човек“, претседателот на Судскиот совет се пожали оти е цел на критики за нетранспарентност
Откога вчера ги отстрани камерите на медиумите, новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, денеска се жали што бил критикуван за потегот што носи нетранспарентност. Тој на почетокот од седницата се покажи дека критиките доаѓаат во време кога тој сè уште не влегол во претседателскиот кабинет, па побара шанса за да се докаже. И натаму не е подготвен да ги пушти сите камери на медиумите да ги следат седниците. Решението го гледа во плаќање на државната медиумска агенција за да ги пренесуваат седниците.
„Кога сме за критика, ќе се критикуваме, кога имаме резултати, мора да споделиме со јавноста. Јас сум само три дена претседател на Судскиот совет, сè уште не сум влегол во кабинетот, тоа го знаат моите колеги. Не заслужувам таков пристап како човек, како судија, како претседател на Судскиот совет. Ќе имаме изјави, редовни брифинзи, транспарентност. Дајте шанса, ние подаваме рака да работиме заедно“, рече Георгиев.
Ги прочитал критиките, а ги добил и поплаките од Здружението на новинарите на Македонија.
„Судскиот совет со мене како претседател ќе докаже дека ќе ги зголемува транспарентноста и отчетноста во работењето на Советот. Тоа ќе го покаже времето, почитувани медиуми. Во текот на вчерашниот ден со реакција за транспарентноста се јави ЗНМ дека неоправдано биле отстранети камерите и дека Советот се затвора за јавноста. Но, мора да потенцирам дека јавноста беше присутна преку новинарите, невладините организации, но поради големиот број на присуство на камери, кои беа 10-ина, стручните служби со тешкотии си ја вршеа работата“, се правда Георгиев.
Ветува транспарентност по критиките дека Советот се затвора за јавноста.
„Само ќе потенцирам дека овој состав на Судскиот совет, а јас како претседател на составот, ви гарантирам дека ќе биде исклучително транспарентен, ќе бидеме со вас заедно за да се бориме за вистината, за постигнатите резултати. Само сите заедно со исклучително транспарентна и отчетна работа ќе постигнеме добри резултати“, додаде Георгиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

