Свет
Њујорк забранува дискриминација на дебелите луѓе: „Имам прекумерна тежина, но не сум жртва“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/debelina.jpg)
Њујорк донесе закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежината.
Градските советници, кои го поддржаа усвојувањето на законот, изјавија дека дебелите луѓе имаат тешкотии во рестораните и театрите, а истакнаа и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани при делење велосипеди од градските власти, пренесува Би-би-си.
За донесување на законот гласаа 44 советници, а пет беа против.
Од друга страна, лидерот на опозициските републиканци во градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого и сè.
„Имам вишок килограми, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене, освен за моите копчиња од кошулата“, изјави тој за „Њујорк тајмс“.
Во САД повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а студиите покажуваат дека дискриминацијата е сеприсутна, пишува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Израел нареди евакуација на третина од Газа; ОН: Прашањето е каде да се оди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/gaza34.jpg)
ОН соопшти дека одлуката на Израел да ги евакуира Палестинците од областите Хан Јунис и Рафах е најголемата таква наредба во Појасот Газа откако борбите принудија 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на енклавата во октомври.
Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик во понеделникот рече дека наредбата за евакуација се однесува на една третина од Газа, а проценката на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) вели дека околу 250.000 луѓе моментално живеат во областа.
Тој смета дека „евакуацијата во толку голем обем само ќе ги влоши страдањата на цивилите и ќе ја зголеми потребата за хуманитарна помош“.
Тој предупреди дека луѓето се соочени со „невозможен избор повторно да се преселат, некои веројатно по втор или трет пат, во области кои едвај имаат доволно простор и функционални услуги, или да останат во област каде што ќе има жестоки борби“.
Според Министерството за здравство на Газа, речиси 38.000 луѓе загинале во борбите. Во енклавата живеат околу 2,3 милиони луѓе.
„За ваша безбедност, мора веднаш да се евакуирате во хуманитарна зона“, објави на социјалните мрежи Авичај Адрае, портпарол на израелските одбранбени сили на арапски јазик.
Додека израелската воена операција против Хамас се одолговлекува во својот десетти месец, цивилите во Газа се притиснати во сè потесните делови на земјата, поставувајќи шатори во урнатините на градовите од кои веќе побегнале или покрај морскиот брег.
Многу жители на Кан Јунис се преселија таму од Рафа, откако беше цел на Израел во мај, предизвикувајќи околу милион луѓе да избегаат за само неколку недели. Дотогаш Рафа беше последното прибежиште за цивилите во Појасот Газа.
Наредбата за евакуација дојде откако претходно во понеделникот беа истрелани најмалку 20 ракети од областа Кан Јунис кон израелските заедници кои се граничат со Газа, според израелската војска.
Луиз Вотериџ, портпаролка на Агенцијата за помош и работа на ОН (UNRWA), која им помага на палестинските бегалци, рече дека наредбата за евакуација може да влијае на околу четвртина милион луѓе во Кан Јунис – од кои на многумина ќе им биде тешко да се евакуираат поради лошите временски услови и хуманитарни услови.
Дури и ако можат да заминат, рече таа, не е јасно каде можат безбедно да одат: „Дури и најздравите луѓе ќе се борат да се движат на овие температури со недостиг на храна и вода“. Таа додаде: „А каде да одат тогаш? Тоа е следното прашање“.
Свет
(Видео) „Сега речиси сите се бездомници“: Карибите под влијание на ураганот „Берил“, ветерот уништи се што му се најде на патот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/shutterstock_1256683171-1024x683.jpg)
Речиси секоја зграда на островот Унион, кој е дел од карипската островска држава Сент Винсент и Гренадини, беше срамнета или сериозно оштетена по моќниот ураган „Берил“.
„Островот е во ужасна состојба откако „Берил“ помина. Речиси сите се бездомници. Ретко која зграда е оставена да стои. Куќите беа срамнети со земја, патиштата блокирани, електричните столбови лежеа на улиците“, рече Катрина Кој, која беше изненадена од размерот на уништување што беше пред неа.
Со неа се сложува и рибарот и водич Себастијан Сејли, пренесува „Index.hr“.
„Се е изгубено. Во моментов немам каде да живеам“, рече тој.
На островот живее од 1985 година, па го преживеал и ураганот „Иван“ во 2004 година, но вели дека „Берил“ бил на друго ниво.
Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати откако ураганот „Берил“ го погоди југоисточниот дел на Карибите, пренесува Танјуг.
Три лица загинаа во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, додека двајца загинаа на северот на Венецуела, каде пет лица се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.
„Овде е како торнадо да поминало. 90 отсто од островот беше збришан. Се засолнив со сопругата и ќерката и искрено да ви кажам не бев сигурен дека воопшто ќе се извлечеме“, истакна тој.
Во неговиот глас се уште се видливи шокот и стравот, пишува Би-Би-Си.
Неговата роднина Ализе, која води хотел со своето семејство, го опиша ужасното искуство додека ураганот минувал низ нивниот град. Таа нагласи дека морале да стават мебел до вратите и прозорците за да не се отвораат од силниот налет на ветерот.
„Притисокот беше толку силен што можеше да го почувствувате во вашите уши. Можевме да слушнеме како покривот се распаѓа и удира во друга зграда. Кршење прозорци, поплави. Никој не знаеше дека ќе биде толку лошо, сите се трауматизирани“, потврди таа.
Себастијан поседува две фарми и има кошници со пчели, но се е целосно уништено. Сепак, тој тврди дека сега приоритет е да се најде засолниште за жителите на островот. Луѓето се обидуваа да соберат дрвени и пластични фолии за да направат некакво привремено сместување за нивните семејства.
„И очигледно е дека ќе биде тешко да се најде вода и храна“, убеден е Себастијан.
Ализе истакна дека на островот итно се потребни многу видови стоки, од конзервирана храна и млеко во прав до санитарни производи, комплети за прва помош, шатори и генератори.
Владата во Сент Винсент и Гренадини рече дека ја препознава големината на проблемот.
Во своето утринско обраќање, премиерот Ралф Гонзалвес го сумираше чувството на шок во оваа карипска земја.
„Опасниот и разорен ураган остави големо уништување, болка и страдање низ нашата нација“, рече тој.
Тој вети дека ќе дејствува што е можно побрзо за да се справи со долгата листа на приоритети.
Свет
Белата куќа: Когнитивниот тест не е неопходен за Бајден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/бајден.jpg)
Когнитивниот тест не е неопходен за американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер по жестоката јавна дебата за здравјето на актуелниот американски претседател.
„Тој знае како да се опорави“, рече портпаролката на прес-конференција, по неодамнешниот разочарувачки настап на Бајден во дебатата против републиканецот Доналд Трамп.
Тој настап беше означен како катастрофален.
Портпаролката на Белата куќа додаде дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден (81).
Лојд Догет, претставник на Американската демократска партија од Тексас, претходно денеска го повика Бајден да се повлече од трката за претседателските избори, по споменатата ТВ дебата со Трамп.
Од друга страна, високата функционерка на демократите, Ненси Пелоси денеска оцени дека е легитимно да се поставуваат прашања за здравствената состојба на Бајден, кој подолго време е под лупа на јавноста.