Црна хроника
Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, има повредени
Вчера, на автопатот Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш. М. (44) од с. Ласкарци, Скопско, и патничко моторно возило „фолксвеген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А. З. (38) од с. Синичане, Тетовско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ш. М., а телесни повреди добиле возачот А. З. и сопатниците од истото возило В. А. (44), Ф. С. (42) и Р. Р. (44), констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, објавија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
При претрес во Охрид пронајдена дрога, приведени две лица
Двајца скопјани се приведени во Охрид откако кај нив била пронајдена дрога.
„На 06.07.2024 во 02.35 часот во СВР Охрид се лишени од слобода В.Н.(25) и А.Т.(22), двајцата од Скопје.
При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана“, информира МВР.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кочани: пронајдена дрога, приведен дилер
26-годишен кочанчанец е приведен откако по претрес во неговиот дом е пронајдена дрога.
„На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари“, информираат од МВР.
По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривични против пет малолетници од Скопје за „разбојништво во обид“
СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“, извести МВР.
„На 28.02.2024 во Градскиот парк во Скопје, пријавените му побарале пари на Ф.П.А. и се обиделе насилно да му го одземат паричникот“, соопшти МВР.