Спорт
Почина легендарна бразилска одбојкарка
Ана Паула Борго, бразилска одбојкарка.почина на 30.годишна возраст. Борго мораше да ја заврши својата професионална кариера во септември 2022 година бидејќи и беше дијагностициран рак.
По кратко и тешко боледување таа почина, а само ден пред смртта испрати емотивна порака во која откри дека ја прославува годишнината од бракот со сопругот:
„Помина нашиот петти ден, а јас не бев доволно добро за да можам воопшто да зборувам. Го поминавме петтиот ден во болница, ти се грижеше за мене и ми кажа колку ме сакаш. Слушнав толку многу приказни за сопрузи кои ги оставиле своите жени кога се разболеле, Карлос беше сосема поинаков, ми покажа колку ме сака, ми покажа дека тој е човекот што ми го испрати Бог.
Љубов, имам толку многу добри работи да кажам за тебе, толку многу текстови да напишам за твојот лик, толку многу убави фрази да кажам за битието што си, но нема да должам. Само сакам сите да ја имаат привилегијата да го имаат Карлос во својот живот, син како Карлос, сопруг, брат и Карлос сигурно би бил одличен татко“, напиша Борго во својата последна објава на Инстаграм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал пред пет години го плати 63 милиони евра, сега ќе игра за последниот клуб во Серија А?
Лука Јовиќ е блиску до потпис за Монца, која моментално е на последното место во Серија А.
Милан му дозволи на српскиот напаѓач да го напушти клубот без обештетување, а претседателот на Монца, Адријано Галијани му постави 48-часовен ултиматум да одлучи дали сака да потпише за најлошиот тим во Италија, откри италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира.
Оваа сезона, Јовиќ одигра четири натпревари (88 минути) и нема постигнато гол.
Во јануари беше поврзуван со Монако, чиј тренер е Австриецот Адолф Хитер го тренираше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019. Во сезоната 2018/2019. имаше 27 гола и седум асистенции на 48 натпревари, со што избори трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Во Реал не се снајде, ниту пак покрај Карим Бензема доби вистинска шанса, поради што замина на во Ајнтрахт, постигна осум гола и донекаде ја оживеа кариерата. Како слободен играч во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола на 50 натпревари за нив.
Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, кој повеќе не смета на него. Според „Трансфермаркт“, вредноста на Јовиќ е четири милиони евра.
Спорт
Флик: Никогаш не сум доживеал ваков камбек
Барселона ја совлада Бенфика со 4:5 во Лисабон, во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Каталонците двапати заостануваа два гола, но успеаја да се вратат и да ја забележат шестата победа.
Вангелис Павлидис постигна хет-трик во првото полувреме, Роналд Араухо си постигна автогол, додека Роберт Левандовски и Рафиња постигнаа по два гола за Барселона, а петтиот гол е дело на Ерик Гарсија.
Избраниците на тренерот Ханси Флик беа на работ на пораз до 86. минута, кога Гарсија израмни на 4:4, за Рафиња им донесе победа во шестата минута од судиското надополнување.
„Ова беше луд натпревар. Најдоброто нешто беше менталитетот. Ова е фудбал. Никогаш не сум доживеал ваков камбек”, изјави тренерот на Барселона, Ханси Флик, чии играчи се втори во табелата во Лигата на шампионите.
Тој ја пофали транзицијата на Бенфика која ги казнуваше грешките на Барселона, поради што голманот Војчех Шчесни имаше слаб настап со многу грешки. „Кој играч не греши? Сите грешиме. Победуваме и губиме заедно. Ми се допаѓа она што го видов во вториот дел”, одговори Флик на прашањето за полскиот голман.
Спорт
(Видео) „Најглупавиот“ гол во историјата на Лигата на шампионите
Комичниот гол на Рафиња на натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите го обиколи светот.
Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека „тоа би можел да биде најглупавиот гол во историјата на Лигата на шампионите“.
Се играше 64. минута кога Бразилецот го постигна првиот од двата гола на „Ла Луж“, во триумфот на „блауграна“ од 5:4.
Анатолиј Трубин при обидот да ја дегажира топката го погоди Рафиња во глава, а топката потоа заврши во мрежата.
Сите беа во шок, веројатно и самиот Рафиња, со чии гол во 96.минута Барселона го комплетираше спектакуларниот пресврт, а Барзилецот беше прогласен за играч на натпреварот.
Barcelona Score 'Weirdest Goal… Ever Seen Scored in the Champions League.' Raphinha just nabbed the easiest goal he'll ever have, and it doesn't appear he even meant to.
Barcelona and Benfica were locked in a wild Champions League match on Tuesday that saw some crazy action,… pic.twitter.com/hECY6cS0kr
— Vazquez, Ø 🍯 (@VGO3696) January 21, 2025