Спорт
(Видео) Евенепел победи на трката против часовникот и стана нов лидер на Џирото

Белгискиот фаворит Ремо Евенепел е победник на деветтата етапа на Џиро Д’Италија, трката на хронометар во должина од 35 километри од Савињано сул Рубиконе до Чезена, за да го преземе лидерското место на трката со една секунда предност пред Велшанецот Герант Томас. Само една секунда зад нив е Шкотланѓанецот Тео Геогеган Харт.
И покрај победата и освојувањето на розевата маичка, Евенепел не беше задоволен.
„Едноставно не направив добар баланс – почнав пребргу и затоа бев спор во во вториот дел. По техничкиот дел во Чезена, најдов сила во нозете и имав среќа што победив. Ова не беше најдобар ден, но за среќа повторно ја имам розевата маичка“, вели Евенепел.
🔻4 riders in 4 seconds.
The last km of stage 9 of the Giro d'Italia 2023.⚡️🔻4 corridori in 4 secondi.
L'ultimo km della tappa 9 del Giro d'Italia 2023. ⚡️@Expo2030Roma #Giro #GirodItalia pic.twitter.com/UrrsTqlruX— Giro d'Italia (@giroditalia) May 14, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италијански тим од пониската лига влезе во Серија Д, играчите беа наградени со доживотни услуги од ескорт дами

Италијанскиот тим од пониската лига, Атлетик Палермо, се промовираше во Серија Д, четвртата лига на италијанскиот фудбал.
По одлична борба во текот на целата сезона, Атлетик Палермо ремизираше со својот ривал од Партиникудаче и избори промоција за прв пат во својата историја.
Прославата на големиот успех беше очекувано бучна, но главниот спонзор на клубовите одлучи да оди чекор понатаму. Атлетик Палермо е спонзориран од веб-страница специјализирана за ескорт услуги, а нивниот извршен директор Мајк Мора им подари на играчите донекаде необичен подарок – доживотна претплата за бесплатни ескорт услуги – по повод нивното унапредување во повисок ранг.
„Сакавме да го одбележиме овој момент со практичен подарок. Сега тренерите и играчите конечно можат да се релаксираат со дополнителен подарок“, рече Мора. Играчите ја дочекаа веста со голема радост, а од клубот велат дека нивната цел е да остават белег меѓу посилната конкуренција во Серија Д.
Спорт
Венгер: Не е во ред освојувачот на Лига Европа да оди во Лигата на шампионите

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека не е во ред освојувачот на Лига Европа да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед и Тотенхем, по првите полуфинални натпревари се блиску до пласман во финалето во Билбао на 21 мај.
За двата тима Лига Европа е единствената шанса наредната сезона да играат во Лигата на шампионите, бидејќи во Премиер лигата сезнава се очајни. Јунајтед се 15-ти, а Спарс 16-ти на табелата.
УЕФА ги промени своите правила во 2014 година за да им овозможи на победниците на Лига Европа автоматски да се квалификуваат за Лигата на шампионите следната сезона, но Венгер не се согласува со ова правило.
На прашањето дали е исправно победниците на Лигата на Европа да обезбедат место во Лигата на шампионите, Венгер за „BeIN Sports“ изјави: „Не. Тие автоматски треба да се квалификуваат за Лига Европа, но не и во Лигата на шампионите. Особено кога сте во Премиер лигата, каде што пет тима веќе се квалификува.“
„Мислам дека тоа е нешто за кое УЕФА треба да размисли и да го разгледа. Од друга страна, луѓето ќе ви кажат дека за да биде Лига Европа интересна и мотивирачка, мора да им ја дадете таа награда (квалификација за Лигата на шампионите).“
Спорт
Левандовски е подготвен за реваншот со Интер

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер во Милано, потврдија од клубот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не можеше да смета на Левандовски откако 36-годишникот од Варшава се повреди на 19. април на натпреварот од Примера против Селта.
Левандовски постигна 40 гола за клубот оваа сезона, вклучувајќи 25 во домашното првенство и 11 во Лигата на шампионите.
Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот на „Џузепе Меаца“, а првиот натпревар на „Монжуик“ беше вистински спектакл кој заврши 3:3.