Спорт
(Видео) Тејтум со рекорд ја растури Филаделфија – Бостон избори финале на Истокот
Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во финалето на Источната конференција.Селтикс во мајсторката ја декласираа Филалделфија со 112:88. Блескаше Џејсон Тејтум со 51. Во „Ти-Ди Гарден“, продолжи проклетството на тренерот Док Риверс. Тој ја загуби 10 мајсторка во кариерата.
Бостон Селтикс, со изворедна одбрана и брилијантен шут во третата четвртина, ја декласираа Филаделфија. Целосно од играта ги исклучија Џоел Ембид и Џејмс Харден, а третиот период го добија со 33:10. Во овој период Бостон постигнаа осум тројки.
Тејтум го собори рекордот на НБА кога станува збор за бројот на поени во мајсторката. За неполни 42 минути на паркетот постигна 51 поен (17/28 од поле, 6/10 од три) и со тоа го собори рекордот на Стеф Кари кој пред три недели постигна 50 против Сакраменто Кингс.
Тој имаше и 13 скока, со што стана само четвртиот играч во историјата на Селтикс со натпревар 40/10. Пред него тоа го направија Лери Бирд, Џон Хавиличек и Пол Пирс, но Тејтум е единствениот кој успеа да реализира најмалку пет тројки, без загубена топка.
Тејтум голема поддршка доби од Џејлен Браун со 25 поени и шест скока, додека двоцифрен беше и Малколм Брогдон со 12 поени.
Кај Филаделфија најефикасен беше Тобијас Хари со 19, додека Тајрис Макси додаде 17. Катастрофална шутерска вечер имаше Џоел Ембиид (5/18), кој мечот го заврши со 15 поени и осум скока, а ништо подобар не беше Џејмс Харден со 3 / 11 голови од поле.
За пласман во големото финале Бостон ќе се бори со Мајами Хит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Селекторот го повика Ојлески да ѝ се приклучи на репрезентацијата
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на мечот со Романија, на Европското првенство, го повика Гоце Ојлески.
Селекторот, мораше да реагира по повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов. Повкот го доби 36-годишникот од ГРК Охрид, кој инаку беше на поширокиот список на Лазаров.
Инаку, Атанасијевиќ се повреди во првиот натпревар шротив Данска, а Џонов вчера против Португалија.
Макеоднските ракометари, утре од 18 часот ќе играат против Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ ја забележа 100-та победа на Австралија Опен
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Педро Мартинез со 3:0 во сетови на почетокот од Австралија Опен.
Новак, со максимален триумф, ја започна борбата за 25-та титула на Гренд Слем и ја забележа својата 100-та победа на АО.
Ѓоковиќ, моментално четврти на АТП листата, беше подобар од 71-от тенисер во светот, по два часа игра со 6:3, 6:2, 6:2.
Новак го започна првиот сет совршено, сервираше сигурно, а потоа направи брејк, кој потврди 3:0.
Српскиот тенисер ја одржуваше својата предност до самиот крај и рутински го приведе сетот кон крај. На 5:2, имаше две топки за брејк/сет, но не ги искористи.
Новак го започна вториот сет на ист начин, Мартинез беше сигурен во воведниот гем, но во вториот Ѓоковиќ успеа да направи брејк.
Во седмиот гем, тој успеа да добие уште еден брејк, да поведе со 5:2 и да сервира за 2:0 во сетови.
Србинот сервираше совршено, стигна до 40:0 со три аса, а потоа рутински го приведе сетот до крај и поведе со 2:0.
Третиот сет започна со 2:1 за Мартинез, без брејк, а потоа новак нанижа пет гема и ја заврши работата.
Негов противник во второто коло ќе биде Франциско Маестрели од Италија.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Менди: Навистина мислите дека Дијаз намерно го промаши пеналот? Бидете сериозени
Брахим Дијаз, играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Мароко е трагичар на годината. Промаши пенал, во 90+23.минута, во финалето на Африканскиот куп, а Мароко остана без титулата, на која чекаше 50 години.
Бурно беше финалето на Африканскиот куп. Поништен гол, неоправдано, на Сенегал во 93-та минута, а потоа ВАР пенал, многу сомнителен, во 99-та минута за Мароко. Сенегалците, на повик на селекторот, незадоволни од судењето, го напуштија теренот.
Не се повлече само Садио Мане, кој ги врати соиграчите на теренот, а останатото е историја.
По мечот, многумина тврдеа дека во духот на фер-плејот, Брахим Дијаз намерно го промашил пеналот. За потсетување, Дијаз се обиде со „паненка“, но голманот Менди го прочита, остана на гол линијата и лесно ја прифати топката.
CHAOS AT AFCON🤯
Senegal have a goal disallowed in injury time.
Minutes later Morocco are awarded a penalty.
Senegal players walk off in protest😡Brahim Diaz decides this is the best moment for a Panenka😬
Senegal now lead 1-0 in extra-time
— Balls.ie (@ballsdotie) January 18, 2026
„Дали Брахим намерно го промаши пеналот? Не, секако дека не! Ве молам, бидете сериозни! Дали навистина мислите дека на крајот од финалето, напаѓачот на репрезентацијата што 50 години чека титула сака да промаши и дека можевме да се договориме во таква ситуација? Тој сакаше да постигне гол и јас заслужувам признание затоа што одбранив и тоа е сè“, рече Менди и додаде:
„Пред секој пенал за противниците, разговарам со Садио Мане. Нема да ви кажам што ми кажа. Најважно е да го донесеме трофејот дома и да што направиме милиони Сенегалци да бидат среќни. Сè се случи во ова финале. Знаевме дека сме на непријателска територија. Мароко чекаше 50 години за трофејот и сè отидше во нивна корист. Ние ја имавме само топката и нашето знаење и на крајот победивме.“

