Македонија
(Видео) Јовановиќ за Македонија: Ние им ја оспоруваме верата, Албанците територијата, Грците идентитетот, а Бугарите сè
Српскиот политичар Чедомир Јовановоќ во поткастот „Буре барут“ зборува за политиките на ЕУ кон Балканот. Тој вели дека ЕУ планира дека го реши проблемот со Македонија така што таа нема да постои. Меѓу другото, Јовановиќ вели дека на Србија ѝ било понудено дел од Македонија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина во замена за Косово.
„Србија треба да се откаже од Косово. Не знаат друго што да прават, па ни нудат дел од Македонија, северот на Косово, дел од Црна Гора и Република Српска. Ќе го решиме проблемот со Македонија така што нема да постои и тоа се случува веќе три години. Го нема повеќе Заев бидејќи е измамен. Измамен е од ЕУ. Тие му рекоа договори се со Ципрас, конечно реши ги прашањата меѓу Македонија и Грција и тоа тој го направи. Тоа е многу тешка тема во Македонија за тој народ. Ние им ја оспоруваме верата, Албанците територијата, Грците идентитетот, Бугарите сè – и јазикот и сè друго.
@udarne_priceJovanović: Srbija treba da ostane bez Kosova.
Тој (Заев) направи договор во Преспа и, наместо да ги отворат преговорите, тие одложија за шест месеци, тоа беше француско-германската иницијатива кога Макрон паметно рече дека не е време за проширување на ЕУ, треба ние првин нашите проблеми да си ги решиме, па потоа излезе со неговата идеја за малку поголеми, малку помали членови на ЕУ. Но, во меѓувреме се појавија Бугарите и сега има најнов услов на кој Македонија треба да одговори, тие бараат и бугарскиот јазик да биде изедначен со албанскиот и македонскиот, бараат Македонија да биде држава на бугарскиот народ. Значи, бараат нешто што Македонците не може никако да им го дадат“, вели Јовановиќ.
Видеото од интервјуто стана вирално по објавата на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

