Спорт
Чави: Започнува нова ера
Тренерот на Барселона Чави е горд на своите играчи по освојувањето на титулата во шпанската лига. Барселона по 27. пат ја освои титулата, а Чави истакна дека започнува „нова ера“.
„Оваа титула носи многу надеж за иднината. Чувствував радост, задоволство за добро завршената работа. Воодушевен сум од играчите, стручниот штаб, раководството… Навистина сум горд што ги тренирам овие играчи”, Чави. изјави по победата од 4:2 над Еспањол.
Тоа е прва титула за Барселона од 2019 година. Каталонскиот тим има осум титули помалку од Реал.
„Ова не е лига на Чави. Не ми е пријатно кога го слушам тоа. Ова е лига на Барса, Барса која расте и се развива. Ова е почеток на нова ера и мора да продолжиме да работиме во таа насока”, изјави Чави.
Тој како тренер ја презеде Барса на 6 ноември 2021 година, а како играч беше во клубот од четвртата година (1984) до 2015 година. Со клубот Чави меѓу другото освои осум трофеи во Ла Лига и четири Лига на шампиони.
Претходно, Хосеп Самитер, Јохан Кројф, Пеп Гвардиола и Луис Енрике освојували титули со Барса и како тренери и играчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Серхио Рамос преговара за трансфер во Премиер лигата
Серхио Рамос шест месеци е без клуб. Дефанзивецот на крајот од сезоната се раздели со Севилја, го поврзуваа со многу клубови но тој се уште е слободен играч. Изминатите месеци се пишуваше дека се договорил со Бока јуниорс, а пред две недели се поврзуваше со својот поранешен клуб, Реал Мадрид.
Медиумите во Шпанија и Англија објавија дека Рамос е во контакт со Њукасл и дека се водат сериозни преговори и дека има големи шанси искусниот Шпанец да се пресели на „Сент Џејмс Парк“.
Њукасл не ги пружа очекуваните партии оваа сезона, а „страчките“ синоќа повторно ги разочараа своите навивачи бидејќи загубија на домашен терен од Вест Хем (0:2) во натпреварот од 12. коло на Премиершип.
Се пишува дека Њукасл е подготвен да му понуди на Рамос договор до летото 2026 година и дека Шпанецот веќе дал знак дека ќе го прифати бидејќи не сака да го одбие предизвикот да дојде во Премиерлигата.
Спорт
Де Брујне: Или ќе се договориме или ова е мојата последна сезона во Сити
Манчестер сити е во историски лоша серија од пет порази во сите натпреварувања, најлоша во кариерата на Пеп Гвардиола, но тоа не е единствениот проблем со кој треба да се справат челниците на англискиот шампион. Имено, многу е веројатно најголемата ѕвезда на клубот, Кевин де Брујне, на крајот од сезоната бесплатно да го напушти клубот.
Белгиецот влезе во последната година од договорот, се уште нема вести за можно продолжување, а самиот фудбалер стави до знаење дека не е ни блиску до договор.
„Знам дека луѓето ќе ме прашаат за тоа, но не сум загрижен. Среќен сум и сакам само да играм добар фудбал. Не брзам и се чувствувам добро. Или ќе се договориме или ова ќе биде мојата последна година во Манчестер, не сум загрижен“, изјави Де Брујне на прес-конференцијата пред натпреварот со Феенорд во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Де Брујне пристигна во Манчестер сити во 2015 година и оттогаш се трансформира во еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата и играч кој го предводеше тимот до бројни успеси на теренот.
Спорт
Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер
Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Њујорк со 118:145 и го забележаа четвртиот пораз во последните шест натпревари во НБА лигата.
Не само што беа поразени Нагетсиеа и понижени на домашен терен, а во преостанатиот дел од сезоната ќе мора сериозно да работат на ангажман на двата краја од теренот.
Ниту Nikola Јокиќ не се прослави, бидејќи одигра „само“ 31 минута на теренот, постигнувајќи 22 поени, со седум скока и асистенции.
Тој излезе од игра откако доби удар по телото, иако веќе беше јасно дека Денвер нема апсолутно никакви шанси против разиграните Никси на овој натпревар.
Најефикасни во тимот на Денвер беа Расел Вестбрук со 27 поени, додека Џамал Мареј мечот го заврши со 20 поени, со седум асистенции.
Во тимот на Њујорк најефикасни беа Оги Ануноби со 40 поени, Карл-Ентони Таунс со 30 поени и 15 скока и Џејлен Бренсон со 23 поени и 17 асистенции.
Денвер има девет победи и седум порази, додека Њујорк е 10-7.
Резултати:
Шарлот – Орландо 84:95
Детроит – Торонто 102:100
Индијана – Њу Орлеанс 114:110
Атланта – Далас 119:129
Бостон – ЛА Клиперс 126:94
Мемфис – Портланд 123:98
Денвер – Њујорк 118:145
Голден стејт – Бруклин 120:128
Сакраменто – Оклахома 109:130