Македонија
Собранието за отвореното писмо на Вељаноски: Неговите тврдења се паушални и неточни
Паушални и неточни се наводите на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, во отвореното писмо до јавноста. Ваква е реакцијата на собраниската прес-служба по обвинувањата изнесени од експретседателот на Собранието, кој укажа на недостатоци во базата на податоци.
„Ораководство на Собранието, во изминатите шест години, презема низа мерки и проекти во функција на поголема транспарентност и отчетност на законодавната власт кон граѓаните и јавноста. Во интерес на вистината, ве информираме дека Собранието изврши комплетна надградба на веб страницата и ја поврза со новиот систем за е-Парламент и новиот систем за електронско гласање. Надградбата на новата платформа имаше за цел подобрување на транспарентноста на Собранието во процесот на објавување на сите информации и документи кои произлегуваат од работата на Собранието на автоматски начин, во реално време од внатрешниот систем на веб страницата на Собранието. Дополнително, потребата за надградба и подигнување на технолошкото ниво на системите од кои некои беа постари повеќе од 14 години со нови современи софтверски решенија во Собранието беше зголемена со речиси секојдневните кибер напади на веб страницата на Собранието.
По успешната надградба на системите, во тек е миграцијата на податоците од стариот систем за е-Парламент во нов. Процесот на миграција на содржините од претходниот систем е завршен за тековниот пратенички состав 2020-2024, а во тек е валидацијата на мигрираните содржини за претходните пратенички состави. Впрочем, на веб страницата на Собранието, преку дополнителниот линк – Историја, веќе се достапни дел од мигрираните податоци и за претходните пратенички состави од 1991 година до денес, како што се: Пратеници со нивни биографии и политички партии од 1991 година; Собраниско раководство (Претседатели на Собранието, Потпретседатели на Собранието и Генерални секретари) од 1991 година; Работни тела од 1998 година; Пратенички групи за соработка од 2002 година, Делегации од 2002 година.
Модернизацијата на веб страницата подразбира лесна навигација, логичка поврзаност на содржините, напредно пребарување, високо ниво на прилагодување, целосна интеграција со е-Парламент и со новиот систем за говорење и гласање. Заменета е застарената хардверска основа и сега двата системи се поставени на нови сервери и сториџ систем, со многу поголема брзина и поголем капацитет.
Во однос на видео архивата, во тек е набавка на медиа сервер, со што, по негово поставување и конвертирање на материјалите во формат кој сега е стандард, ќе биде достапна на сајтот.
Покрај ова, во тек е реализацијата на други процеси во насока на понатамошно унапредување на системот: се подготвува регистар за невладини организации; во тек е набавка на систем за разрешување на инциденти, се поставува корпоративна ви-фи мрежа и се подобрува гостинската ви-фи мрежа.
Наместо неаргументирано да критикува и да пишува отворени писма до јавноста, Велјаноски треба да биде малку самокритичен и да се запраша какво беше нивото на отвореност на Собранието кон јавноста во негово време, а како е сега“, се наведува во реакцијата на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки
Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име. Колегите, пријателите и неговите најблиски денеска споделија спомени, фотографии и емотивни пораки, покажувајќи колку силна празнина остави неговото заминување.
Една од најемотивните објави дојде од пејачката Ана Костадиновска, која долги години беше дел од придружните вокали на ДНК. Таа на Инстаграм сподели неколку заеднички моменти со Панчо, придружени со кратка, но искрена порака што допре многумина: „40 дена. Недостасуваш… Многу!“.
Фотoгрaфиите покажуваат сцени од настапи, патувања и задкулисни моменти – сведоштво за една силна професионална и пријателска врска.
Своја приказна сподели и Елена Ристеска. Таа објави стара фотографија од нивната прва успешна соработка, кога во 2016 година заедно освоија три награди на Македонскиот радиски фестивал – МАРС.
Пејачката Теа Трајковска, која исто така имала свои проекти со ДНК, сподели фотографија со Панчо, со кратка порака дека спомените вечно ќе останат живи.
Панчо, кој трагично ги загуби битките со тешките повреди по пожарот во дискотеката „Пулс“, останува силно присутен меѓу неговите колеги. Тој почина по тешка борба во болница со повредите кои ги доби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
700 наместо 200 луѓе на концертот на Аца Лукас , СДСМ бара истрага и одговорност
СДСМ реагира поради приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас, потенцирајќи дека на концертот имало преку 700 посетители во локал кој по закон не смее да прими ниту 200 лица. Според партијата, ова покажува дека и полицијата на Тошковски и општината на Митко Јанчев биле запознати со настанот, знаеле дека нема безбедносни услови за негово одржување, но не презеле ништо, дозволувајќи концертот да се случи, кој бил прекинат дури во текот на настанот.
Од СДСМ поставуваат повеќе прашања до надлежните: зошто настанот воопшто бил дозволен и биле пуштени 700 луѓе во ризик, зошто организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност, дали дискотеката ги запазила сите прописи, и дали МВР не повторува ризични практики како во Кочани.
Според информации, полицијата го прекинала настанот дури после полноќ, во 00:10 часот, откако локалот со часови бил преполн.
СДСМ бара итна истрага и санкционирање на сите кои дозволиле да се одржи настанот, од МВР до организацијата, со повик до министерот Тошковски да излезе со одговорност.
Македонија
Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата.
-Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања.
Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи кои постапуваат надвор од извршната власт, да ги дадат своите информации за состојбите.
Портпартолката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.
Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) во Македонија се привремено суспендирани поради проблеми и сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, што предизвика прекин на исплатите како превентивна мерка за заштита на европските фондови.

