Спорт
АС: Главното прашање во Шпанија е кој ќе ја замени Барселона во ЛШ
Мега скандалот околу милионските уплати на Барселона на сметка на компанијата на потпретседателот на шпанската судиска комисија, за кој новиот шампион на Шпанија е под истрага на УЕФА, може да има тешки последици по клубот од „Ноу Камп“, пишува „АС“.
Насловот во денешното издание е: „Кој ќе го заземе местото на Барселона во Лигата на шампионите доколку УЕФА ја исфрли?
Во текстот пишува дека „Шпанија сепак би имала седум места во еврокуповите, но би имало големи промени во распределбата на тие места. Најзаинтересирани за таа прераспределба се Виљареал, Бетис и Атлетик Билбао“.
Доколку ова се случи, веројатно е дека петтопласираниот тим на табелата би одел во Лигата на шампионите. Во моментов тоа е Виљареал.
Барселона може да биде исфрлена од Лигата на шампионите. Тоа би усреќило половина од Ла Лига
„АС“ наведува: „На Барселона и се заканува исфрлање од Лигата на шампионите затоа што УЕФА може да го суспендира шампионот на Шпанија од најсилното натпреварување и без судење дека Барса е виновна, доколку утврди дека нејзиниот настап би го нарушил интегритетот и регуларноста на натпреварувањето. Доколку ова се случи тоа би бил голем спортски и финансиски удар за Барселона, кој се уште се наоѓа во длабока финансиска криза. Таа криза би се продлабочила без планираните приходи од ЛШ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември
Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната.
„Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор првенствено за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Направивме сериозен чекор во таа насока. Ни требаат позиции од кои ќе биде полесно да се бориме за финалето“, рече Компани, објавија германските медиуми.
Баерн е на првото место на табелата на ЛШ со 12 бода, исто колку и второпласираниот Арсенал. Фудбалерите на Арсенал и Баерн ќе се сретнат на 26 ноември во Лондон во петтото коло од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Баерн одиграа 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и ги забележаа сите 16 победи.
Спорт
На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус
Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус.
Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата.
Не е тајна дека во Саудиска Арабија сонуваат да го доведат Винисиус, а следното лето таа желба би можела да се оствари, под услов тој да биде расположен да се пресели на Блискиот Исток.
Реал го донесе од Фламенго во 2018 година за 45.000.000 евра, а сумата што ќе ја бараат веројатно ќе биде меѓу 200 и 250.000.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп
Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа.
„Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган.
To President @realdonaldtrump.
Playing for peace. As a team. pic.twitter.com/iLGAmbmu0J
— António Costa (@eucopresident) June 16, 2025
Исто така, Роналдо му испратил потпишан дрес на Доналд Трамп преку неговиот сонародник Антонио Коста, претседателот на Советот на Европа.
Можеби овие чувства на португалскиот фудбалер кон републиканскиот претседател не се чудо, со оглед на тоа што според признанието на неговата мајка, тој го добил името по друг републикански претседател, Роналд Реган.

