Македонија
Студенти добија обука како да станат земјоделци и со бесплатни бизнис планови да дојдат до европски пари
Во рамките на проектот „Европски млад земјоделец“ денес C. R. E. A. M. – Алијансата Македонија направи обука како студентите кои имаат земјоделска бизнис идеја да дојдат до бесплатен бизнис план со кој понатаму може да аплицираат во европски фондови. Зоран Лазаревски, претседател на C. R. E. A. M. – Алијансата Македонија им ги претстави алатките од веб-платформата која е дел од веб-страницата на Министерството за земјоделство преку која можат бесплатно да направат бизнис план и да го подготват место да плаќаат илјадници евра за консултантски услуги.
„Платформата им е достапна на сите потенцијални млади земјоделци бесплатно и достапна е во цела Европска Унија, во нашата држава како и во регионот. Нуди можност младите земјоделци да добијат во еден дел потребни информации за земјоделството, но и бизнис план за секој што има идеја“, рече претседателот Лазаревски.

Студентите кои имаат земјоделска бизнис идеја слушнаа како да дојдат до бесплатен бизнис план со кој понатаму може да аплицираат во европски фондови
Колку е битно младите земјоделци на почеток да ги согледаат сите ризици на почетокот од реализацијата на идеите како и сите можности што ги имаат, зборуваше Ивана Јанеска-Стаменковска, продеканка на Факултетот за земјоделски науки и храна, која ја отвори работилницата. Меѓу предавачите беа Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Љубиша Стефановски, експерт за индустриска и интелектуална сопственост како и Горан Ангелов, поранешен претседател на ЗЕЛС.
„Европски млад земјоделец“ е проект поддржан од Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

