Регион
Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

Неколку основни училишта во Белград утринава добиле информација дека во нив се поставени бомби.
За „Блиц“ е потврдено дека на адресата на ОУ „Дринка Павловиќ“ пристигнала дојава за бомба, а родителите биле известени да не ги носат децата во прва смена. Ова училиште изминативе денови беше во центарот на вниманието поради оставката на директорката поради насилство во училиштето.
Покрај ова училиште, дојави за поставување бомби добиле и основното училиште „Васа Пелагиќ“ во Котеж, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“ на улицата Кнез Данилова во строгиот центар на Белград, јавуваат белградските медиуми.
Како што е потврдено за „Блиц“, пријавата стигнала и во училиштето „Вук Караџиќ“, а децата од тоа училиште се враќаат дома, како во училиштето „20 Октомври“ во Нов Белград.
Исто така, во општина Обреновац, утрово, во 5.15 часот, на електронските адреси на неколку основни училишта во Обреновац биле испратени анонимни пријави за експлозивни направи.
Поради безбедност на учениците и вработените, во училиштето никој не влегол додека не завршила полициската проверка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.