Македонија
Сојузот на средношколците ги поздрави препораките на Владата: МОН ги прифати нашите предлози за менталното здравје
Сојузот на средношколците соопшти дека нивните четири предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на Министерството за образование и наука. Тие се преточени во деветтата и десеттата препорака на Владата.
„Имено, му се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за стручните соработници со цел да бидат отворени за ученици и доколку имаат потреба, учениците да може да закажат и тет-а-тет средба со својот училиштен психолог. Исто така, МОН заедно со стручните соработници од основните и средните училишта, претставници на Сојузот на средношколците, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат, ќе формира работна група, која ќе креира протоколи за соодветна работа при обезбедување поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците.
Создавањето протокол за дефинирање на новиот модел на работа на училишните психолози, односно тие да остваруваат тет-а-тет средби со учениците наместо да вршат административна работа, е заложба на Сојузот на средношколците уште од мај 2021 година. Оттука, Сојузот позитивно реагира на одлуката за почнување процес оваа наша визија да стане реалност.
Исто така, втората препорака на Владата предвидува создавање општински совети за превенција на детско престапништво преку локалните самоуправи и Државниот совет за превенција на детско престапништво. Во препораката јасно е наведено дека е потребно вклучување на Сојузот на средношколците во овие совети. Ние нотираме дека некои од општините тоа веќе го имаат направено, а имаат вклучено претставници од Сојузот за членови во овие тела“, велат од Сојузот.
Од таму ги поздравуваат препораките на Владата и велат дека ќе продолжат активно да се вклучуваат во овие процеси сè додека сите заедно како фактори во образовниот процес не го спроведеме новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците. Сојузот ги става сите свои капацитети на располагање во насока на подобрување на состојбата со менталното здравје на младите и насилството во училиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна, Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, вели Османи
Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, напиша на социјалните мрежи Бујар Османи.
„Ја презедов мојата одговорност и му честитав на победникот, бидејќи дури и во овие околности сакам да оставам зад себе наследство на политичка култура, како што правев во текот на целата кампања.
Но, ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна.
Не прифаќам дека поради оваа причина резултатот на ДУИ и коалицијата треба да биде погазен.
Со 114 илјади гласови, НАИ останува најголемата сила и легитимен претставник на Албанците.
Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците“.
Навредите кон него, како што додава Османи, не се знак на политичка сила, туку знак на морална слабост.
„Овие ниски напади имаат една цел, да донесат деморализација пред вториот круг,
но ќе се случи спротивното: единство и решеност.
Албанците дадоа масовна поддршка во првиот круг, а во вториот круг мора да потврдиме кој навистина ја држи нивната политичка волја.
НАИ останува гласот на Албанците, додека Али Ахмети, нивниот морален и идеолошки столб.
Ги поканувам сите Албанци во вториот круг да го потврдат ова достоинствено и масовно“.
Македонија
Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар
Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, соопштија од Општина Центар.
Дератизацијата, како што е наведено во соопштението, се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.
„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.
Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.

