Европа
Италијанскиот извоз во Кина необјасниво расте

Италијанскиот извоз во Кина се зголемил трипати во текот на изминатата година, при што испораките само во февруари се зголемиле 131 % на годишно ниво, без очигледна причина за скокот, пишува „Блумберг“.
„Испораките на италијански стоки во Кина во февруари се искачија над 3 милијарди евра, значително повеќе од извозот во вредност од приближно една милијарда евра минатиот февруари“, пишува американскиот медиум.
Податоците обезбедени од „Блумберг“ покажуваат дека најголем дел од извозот бил фармацевтски производи во многу специфичниот сегмент на „лекови што се состојат од мешани или немешани производи за терапевтска или профилактичак употреба, ставени во измерени дози“.
Речиси две третини од кинескиот увоз во февруари се состоел од стоки од овој сегмент, чија вредност била 1,84 милијарда евра во споредба со само 98,5 милиони евра една година претходно.
Во италијанските медиуми се појавија шпекулации дека порастот може да биде должи на побарувачката од кинеските потрошувачи за еден италијански генерички лек за црниот дроб што содржи урсодеоксихолна киселина (УДЦА) за која се шпекулира дека спречува Ковид-19.
„По ненадејното напуштање на Кина на својата политика за нула Ковид, можно е вирусот неконтролирано да се шири низ земјата, што може да е една од причините за скокот на увозот на лекови“, сугерира „Блумберг“.
Директорот на „Евроазија груп“, Петер Черети, смета дека растот се должи на побарувачката за лекови од Кина.
„Поголемите италијански фармацевтски производители испорачуваат колку што може повеќе производи од италијанско производство. А некои можеби испорачуваат германски и други лекови произведени од Европската Унија во Италија за реекспорт и во Кина“, објаснува Черети.
Сепак, италијанската „Индустрија кимика Италијана“, најголемиот светски производител на УДЦА, има годишна продажба од речиси 300 милиони евра, што е далеку под вкупниот кинески увоз, вели „Блумберг“.
Освен тоа, податоците за увозот на Кина не укажуваат дека овие фармацевтски производи биле масовно испорачани, се наведува во статијата.
Она што додава доза мистерија на италијанскиот извозен бум во Кина е фактот што тој доаѓа во време на заладување на односите меѓу Рим и Пекинг.
„Фајненшл тајмс“ минатата недела објави дека е можно Италија да го напушти пекиншкиот инфраструктурен и инвестициски проект „Појас и пат“. Италија во 2019 година стана единствената земја од Г7 што го потпиша договорот поттикнувајќи остри критики од Вашингтон и од Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Германија се уште одбива да и испорача ракети со долг дострел „Таурус“ на Украина

Германија во моментов не разгледува испорака на ракети „Таурус“ со долг дострел, кои се способни да погодат цели на растојание до 500 километри, на Украина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на брифингот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Писториус беше прашан дали Германија размислува за испраќање ракети „Таурус“ во Украина. „Ме прашавте дали го разгледуваме тоа, а мојот одговор е – не“, рече германскиот министер за одбрана.
❗️No Taurus missiles for Ukraine:
Q: "Given the intensification of shelling of all Ukrainian cities, and Kyiv in particular, over the past week, are you considering supplying Taurus missiles to us?"
German Defence Minister Pistorius: "In response to your question about whether… https://t.co/6XIC2BA35c pic.twitter.com/hjlAUMqXCE
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 12, 2025
Украина веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Обединетото Кралство и САД. Сепак, Германија досега останува воздржана во врска со ваквите испораки.
Иако канцеларот Фридрих Мерц јавно го поддржа испраќањето ракети „Таурус“ во Украина, сè уште не се случиле такви испораки.
Кон крајот на минатиот месец, на 27 мај, германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на владини извори, објави дека сè уште не е донесена одлука за испорака на ракети „Таурус“ на Украина.
Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата со Мерц, изјави дека сè уште се работи на можен трансфер на германски ракети, но тој и канцеларот се согласија да не разговараат јавно за оваа тема.
Европа
Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина за да избегне построги санкции. Зеленски верува дека Русија го лаже американскиот претседател Доналд Трамп, обидувајќи се да го убеди дека постои дипломатски мост меѓу Москва и Киев, со што се обидува да спречи воведување нови санкции.
Според Зеленски, Путин ги користи преговорите како изговор. „Тој секогаш може да каже дека разговараме и дека ако се воведат санкции, нема да има повеќе преговори“.
Зеленски е убеден дека Путин не сака мир, туку се обидува да ја изолира Украина инсистирајќи на дијалог без учество на Европејците и Американците. Тој верува дека долгорочна војна без поддршка од западните партнери би била идеално сценарио за Путин, бидејќи Русија не може да издржи долга војна под притисок на партнерите и санкциите.
Зеленски верува дека Трамп го препознава вистинското лице на Путин и гледа дека руската страна не е искрена за војната. Тој додава дека ќе ги прифати критиките на Трамп ако тоа може да го забрза крајот на војната, нагласувајќи дека Путин разбира само сила, а САД ја имаат таа сила. Затоа, тој верува дека Трамп мора да воведе санкции за да го принуди Путин да води сериозни разговори за завршување на војната, бидејќи нема друг начин.
Зеленски нагласува дека санкциите биле воведени премногу бавно, што му овозможило на Путин да се адаптира. Сега, кога руската економија страда, Путин се обидува да купи повеќе време пред нови, построги санкции бидејќи може да издржи уште малку време. Токму затоа, верува Зеленски, треба веднаш да се воведат строги санкции.
На крајот, Зеленски вели дека колку повеќе меѓународна поддршка има, толку помалку Украинци ќе умираат. „Луѓето не се дрва што ги фрламе во огнот. Ние не се однесуваме кон нашите луѓе на начин на кој се однесуваат Русите“, заклучува Зеленски.
Европа
(Видео) Автомобил и автобус полн со патници се судрија кај Рим, загина 19-годишник

На регионалниот пат Виа Тусколана, во Гротаферата, во близина на Рим, околу 7:15 часот утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби 19-годишен млад човек. Неговиот автомобил „Мини Минор“ се судри со автобус на јавниот превозник „Котрал“, кој бил полн со патници на своето утринско патување.
Според првичните информации, несреќата се случила на рамен дел од патот, непосредно пред мала кривина, на 25-от километар од Тусколана. Младиот возач, кој неодамна го положил возачкиот испит, се движел кон Рим, додека автобусот се движел во спротивна насока кон Рока Приора и Артена.
Un ragazzo di 19 anni è morto in un incidente lungo la via Tuscolana, a Grottaferrata, in provincia di Roma. Il giovane, che si trovava a bordo di una Mini Cooper, si è scontrato frontalmente contro un autobus Cotral. Fatale l’impatto per il 19enne. Feriti due passeggeri a bordo… pic.twitter.com/t372UCNjwo
— Local Team (@localteamit) June 11, 2025
Од моментално неофицијалната реконструкција, се чини дека автомобилот преминал во спротивната лента од непозната причина и директно се удрил во автобусот. Причината за несреќата може да биде момент на замор, здравствен проблем или краток момент на невнимание од страна на возачот.
Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на несреќата за да го извлечат младиот човек од целосно смачканиот автомобил, но тој починал на местото на несреќата.
Двајца од автобусот – маж и жена на возраст меѓу 40 и 50 години – се здобиле со полесни повреди и биле однесени во болница. Возачот на автобусот, маж во четириесеттите години, поминал без физички повреди, но е во состојба на шок.
Патот останува затворен во двата правци, а полицијата е на местото на несреќата и спроведува истрага.