Свет
Кина ги повика странските мисии да го отстранат украинското знаме од своите згради
Кина информира неколку странски мисии во Пекинг да не прикажуваат политизирана пропаганда на нивните згради, рекоа дипломатите, додавајќи дека барањето се однесува на украинските знамиња истакнати од почетокот на руската инвазија.
Неколку странски мисии во Кина го подигнаа украинското знаме или го истакнаа неговиот лик на светла и на постери од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, што наиде на меѓународна осуда од Русија.
„Ние и другите добивме писмо, во кое ги повикуваме амбасадите и претставништвата да се воздржат од користење на надворешните ѕидови на нивните згради за политизирана пропаганда“, изјави за „Ројтерс“ дипломат, кој сакал да остане анонимен, чија амбасада има фотографија на украинското знаме.
Дипломатот рекол дека мисијата немала намера да постапува по известувањето.
Тројца други дипломати со седиште во Пекинг потврдија дека го добиле известувањето додавајќи дека иако директно не го спомнуваат украинското знаме, јасно било насочено кон него.
Неколку недели откако Русија ја почна својата, како што ја нарекува специјална воена операција во Украина, плакат со украинско знаме на надворешниот ѕид на канадската амбасада во Пекинг беше обезличен со анти-НАТО графити.
Мисиите на Европската Унија, Велика Британија, Германија и на Полска во Пекинг исто така изложија фотографии од украинското знаме.
Кина повика на мир во Украина, но се воздржа од осуда на својот сојузник Русија, што наиде на критики од западните земји.
Некои амбасади во Пекинг исто така веат знамиња со виножито за поддршка на ЛГБТ-заедницата за да го одбележат Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата денеска, како и месецот на гордоста на ЛГБТ во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија загрижена од испраќањето војници во Гренланд: „Се поттикнува вештачка хистерија“
Руската дипломатија изрази „сериозна загриженост“ поради најавата на НАТО за дополнително распоредување војници во Гренланд, по состанокот на данските, гренландските и американските лидери во Белата куќа.
„Наместо конструктивна работа во рамките на постојните институции, особено Арктичкиот совет, НАТО го избра патот на забрзана милитаризација на Северот и го зајакнува своето воено присуство под измислениот изговор на растечката закана од Москва и Пекинг“, соопшти руската амбасада во Брисел.
„Изјавите на Вашингтон за Гренланд се користат исклучиво од страна на алијансата за промоција на својата антируска и антикинеска агенда“, се додава во соопштението, осудувајќи ја „агресивната реторика“.
Русија потсетува дека западните дипломати со пристап до разузнавачките извештаи на НАТО цитирани во медиумите признале дека во последните години не се забележани руски или кинески подморници во близина на Гренланд.
„Ова открива дека се поттикнува вештачка хистерија“, се вели во соопштението.
Сепак, во соопштението не се критикува американскиот претседател по име, во време кога тој останува клучен соговорник на Москва во напорите за постигнување мировен договор во Украина. Наместо тоа, Москва го фокусираше својот оган врз НАТО како институција и неговите европски земји-членки, кои исто така ги обвинува за блокирање на мировните напори во Украина.
„Веруваме дека политиката на алијансата за ескалација на конфликтот на Арктикот е контрапродуктивна и исклучително опасна. Арктикот мора да остане територија на мир, дијалог и фер соработка“, тврдат Русите.
Американскиот претседател Доналд Трамп сака таа арктичка територија, под данската круна, да биде дел од САД. Тој нагласува дека Гренланд е важен за „националната безбедност“ на САД, особено за да се ограничи рускиот и кинескиот напредок на Арктикот, и не ја исклучува употребата на сила за да се заземе.
Тој, исто така, изјави дека Гренланд е „витален“ за изградбата на Златната купола, американскиот проект за ракетна одбрана.
„Силите на неколку членки на НАТО ќе бидат на воени вежби во Гренланд во наредните денови“, потврди вчера заменик-премиерот на Гренланд по состанокот во Белата куќа меѓу данските, гренландските и американските лидери.
„Се очекува зголемување на бројот на воени летови и бродови“, изјави Муте Егеде на прес-конференција, осврнувајќи се на вежбите.
Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка вчера објавија дека ќе распоредат воен персонал во ова арктичко подрачје за извидувачка мисија која, како што објасни извор во француското Министерство за вооружени сили, е дел од данската вежба „Арктичка издржливост“.
Во последните години, Русија се впушти во повторно отворање и модернизација на голема мрежа на воени бази на Арктикот.
Свет
Кремљ се согласува со Трамп: Зеленски виновен што конфликтот сè уште не е решен
Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за „Ројтерс“ одговорноста за продолжувањето на конфликтот му ја припиша на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Скај њуз“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија се согласува со оценката на Трамп.
„Тука можеме да се согласиме, навистина е така“, рече Песков. Тој истакна дека претседателот Путин и руската страна ја задржуваат својата отвореност.
Песков најави и дека Москва би ги пречекала пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер, откако ќе се договори датумот на нивната посета.
Одговарајќи на прашање за рускиот претседател Владимир Путин, Трамп за новинската агенција Ројтерс претходно изјави: „Мислам дека тој е подготвен да постигне договор.“ Тој додаде: „Мислам дека Украина е помалку подготвена да постигне договор.“ На прашањето зошто конфликтот сè уште не е решен, Трамп одговори со еден збор: „Зеленски.“
Свет
(Видео) Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата
Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.
Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска станица и повторно влегување во атмосферата на Земјата. Слетувањето беше емитувано во живо од НАСА и „Спејс Екс“.
🛰A U.S. Crew Dragon spacecraft undocked from the International Space Station and splashed down off the California coast.
The crew included Roscosmos cosmonaut Oleg Platonov, NASA astronauts Zena Cardman and Mike Fincke, and JAXA astronaut Kimiya Yui, who spent 165 days aboard… pic.twitter.com/uN1HY1NHp5
— News.Az (@news_az) January 15, 2026
Астронаутите се одвоија од МВС во среда во капсула управувана од „СпејсИкс“ на Илон Маск. Капсулата ги носеше американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала планираната вселенска прошетка поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, а потоа одлучила целиот екипаж да го врати на Земјата порано.
#ULTIMAHORA El lugar de amerizaje de la Crew-11 se encuentra frente a la costa de California. Aquí hay un mapa que indica dónde será más visible el reingreso de la nave Dragon. Se puede observar desde San Francisco entrando a la admosfera terrestre 🛰️ pic.twitter.com/9Qo9f1M4U3
— Revista RDM Los qué todos leen 🇲🇽🇺🇸🇨🇦 (@RdmRevista) January 15, 2026
Американската вселенска агенција одби да го открие идентитетот на астронаутот со здравствени проблеми или да даде детали за неговата состојба, наведувајќи само дека членот на екипажот е стабилен.

