Македонија
Поплавите во Италија ја откажаа првата трка на македонскиот возач Рико Вуков

Во текот на вчерашниот ден беше лиферувана веста дека поради поплавите во регионот на Емилија-Ромања, ќе биде откажан гран при викендот на патеката во Имола.
Македонскиот возач Ристо Вуков токму на оваа патека требаше да ја почне својата кампања во Порше суперкуп, натпреварување што се вози во склоп на Ф1-викендот.
„Најнапред сакам да испратам порака за поддршка до италијанскиот народ и спасувачките служби, кои работат во погодениот реон. Не се сомневам во потребата од ваква одлука на организаторите, ќе беше невозможно да се организира нормален гран при викенд, а притоа да се знае дека некој се бори за животот. Во моментот сите мои надежи се за што побрза нормализација на ситуацијата во поплавените подрачја“, вели тој.
Ова не е прва случка за откажување на планираните обврски за Вуков оваа година откако на почетокот од април мораше да се повлече од тестирањето на Ред Бул Ринг бидејќи автодромот беше завеан во снег.
Поради сето ова, тој за идниот викенд во Монте Карло се подготвува заедно со Андреј Кулунџиќ на патеката „Навак“ крај Белград.
„Андреј е поранешен возач во Порше суперкуп и неговите искуства се драгоцени за мене бидејќи од оваа временска дистанција тој може да препознае кои од моите дилеми се реални, а на кои не треба да им обрнувам внимание. Недостигот на тренинг-патека во Македонија е голем проблем, па можноста да се тренира во Србија со него е најдоброто нешто што можеше да се обезбеди, со цел да останам фокусиран и да ја темпирам својата форма. Искрено се надевам дека веќе на 28 мај за време на гран при викендот во Монако ќе се покаже дека овие подготовки биле полн погодок“, додава Вуков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.