Свет
(Видео) САД ја предупредија Северна Кореја за најавеното лансирање сателит

Американскиот Стејт департмент го предупреди вчера Пјонгјанг дека потенцијалното лансирање севернокорејски сателит би ги прекршило меѓународните ограничувања што ѝ се наметнати на Северна Кореја.
На брифингот во средата заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, посочи дека лансирањето ќе прекрши повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН за севернокорејската програма за балистички ракети, кои опфаќаат и ракети што се користат за вселенски летала.
„Ние бевме многу јасни дека ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од понатамошни заканувачки активности и да се вклучи во сериозна и одржлива дипломатија“, рече Пател.
Изјавата на Пател доаѓа откога севернокорејските медиуми соопштија дека Ким Џонг-ун посетил објект во кој се развива вселенско летало.
Ким во вторникот се сретна со научници, техничари и високи функционери додека го проверуваше првиот воен извидувачки сателит во земјата. Севернокорејскиот лидер одобрил иден акциски план за подготовка за лансирањето.
На промоцијата на сателитот минатиот месец Ким тврдеше дека проектот е клучната примарна задача на вооружените сили на Северна Кореја и рече дека сателитот ќе биде подготвен за лансирање во орбитата во наредните недели.
„Успешното лансирање воен разузнавачки сателит е итно барање и главен политички приоритет на владата за зајакнување на нашите национални одбранбени капацитети“, истакна Ким по инспекцијата додавајќи дека Северна Кореја ќе продолжи да ја унапредува својата вселенска програма.
САД во моментот одржуваат низа санкции кон Северна Кореја и се заканија со нови казни во поради тестовите на оружје.
Пјонгјанг инсистира на своето право да ги развива своите воени способности тврдејќи дека неговото оружје – вклучувајќи го и нуклеарниот арсенал – е за одбранбени цели. Тие како оправдување го посочија и, според нив, агресивниот став на американската војска на севернокорејската граница.
Тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се зголемија во последните месеци откога Северна Кореја изврши низа тестови на оружје како одмазда за неколкуте рунди заеднички американско-јужнокорејски воени игри.
Северна Кореја постојано ги осудува ваквите вежби како проба за инвазија иако САД тврдат дека вежбите не претставуваат закана за ниту една земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025