Македонија
(Видео) Стоилковски: Мостот „Беласица“ во најкус рок да е безбеден и во функција, дали на СДС и Арсовска ќе им треба цела година само за да договорат криминал?
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја повика власта во најкус рок да го стави во функција мостот „Беласица“. Тој ја обвини власта дека дава 200 милиони евра за, како што рече, незакована шајка, а Скопје ќе го остави цела година без мост во центарот.
„Дали на СДС и миленичката Данела им треба цела година за крими бизнис-договор за ќарот од мостот? Недозволиво е коалицијата СДС и Данела Арсовска по сите редовни средби да го остават Скопје без уште еден мост!
Во исто време кога се плаќаат над 200 милиони евра за непочнат проект и за пенали, Скопје ќе го остават цела година без мост! Во исто време кога ќе плаќаат дивоградби како легални, изграден мост, по ист принцип, да не биде поврзан со Скопје“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека граѓаните две години ги кршат автомобилите од мостот „Близнак“ кон Автокоманда, новиот мост кај салата МЗТ, проектиран од ВМРО-ДПМНЕ, не се пушта во употреба, а сега и мостот „Беласица“ е затворен.
„Половина Скопје, од Центар до крајот на Скопје, нема нормален мост! По мостот кај МАНУ, следен е мостот кај Јурумлери! Јасно е, Скопје и скопјани ќе трпат сè додека крими бизнис-партнерите не договорат кој ќе земе процент! Секој ден одложување санација на мостот ‘Беласица’, но и пуштањето на новиот мост, е криминален резултат на Данела и директорите од СДС, од ДУИ и од Левицата!“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Повика на одговорност на коалицијата Арсовска – СДСМ доколку мостот во најкус можен рок не биде безбеден и ставен во функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

