Македонија
Маричиќ на средба со Копман и Матуела: Во интерес на граѓаните е да останеме на европскиот пат
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска се сретна со генералниот директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Микела Матуела.
На средбата се разговараше за скрининг процесот, можноста за напредок во преговорите за пристапување во ЕУ и спроведувањето на реформската агенда.
Во таа насока, Маричиќ изрази очекување за натамошна поддршка од европските институции за реформската агенда и процесите кои се пред нас на патот кон ЕУ, укажувајќи дека тоа е ќе придонесе да го задржиме европскиот курс на државата, но и на стабилноста на целиот регион.
Копман и Матуела ја истакнаа потребата максимално да се искористи скрининг процесот како механизам за забрзување на клучните реформи и за напредок во преговорите за пристапување во ЕУ.
Маричиќ се заблагодари за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции, потенцирајќи дека посветено Владата работи на евроинтеграциите и продолжување на пристапните преговори, со цел како што рече Маричиќ „да ја направиме извесна европската иднина на македонските граѓани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

